16 Мај, 2024
0.0285

Омилениот конгресмен на Путин не нарекува „новоименуван народ“

Објавено во: Свет 27 Јуни, 2018

Добивај вести на Viber

Дејна Рорабакер, републиканскиот конгресмен од Калифорнија, кој во американската јавност важи за омилен законодавец во САД на рускиот претседател Владимир Путин, го поздрави Договорот меѓу Скопје и Атина нарекувајќи ги Македонците „новоименуван народ“. Тој во македонската јавност е познат како голем провокатор, бидејќи лани во февруари при гостување во Албанија рече дека „Македонија не е држава“.

Преку неговата официјална страница, по потпишувањето на Договорот во Нивици (Псарадес) на брегот на Преспанското Езеро во Грција, тој вели дека посебно го радува благонаклоноста со која „новоименуваниот народ го прифаќа својот идентитет“ како Северномакедонци.

„За мнозина од нас, оваа работа изгледа тривијално, во најдобра рака како мал проблем. Но за луѓето во регионот, тоа беше сериозно вознемирувачки проблем во меѓудржавните односи. Ги комплицираше трговијата и дипломатијата и требаше да се разреши мирно“, објаснува Рорабакер.

Тој во соопштението посебно се задржува на „благонаклоноста“ со која народот го прифаќа новиот идентитет како Северномакедонци“.

„Од срце го поздравувам овој договор и се надевам на брза ратификација од законодавните домови во двете земји. Ова е уште еден доказ дека растечките сентименти посветени на националните интереси по целиот свет може спокојно да се третираат и дека несогласувањата може да се разрешат во духот на мирот и соработката без интервенции на глобалистичките суперсили. Посебно ја поздравувам благонаклоноста со која новоименуваниот народ го прифаќа својот идентитет како Северномакедонци“, вели Рорабакер.


Можеби ќе ве интересира

ФИЦО СЕ БОРИ ЗА ЖИВОТ: Човекот кој пукаше во него е писател

ФИЦО СЕ БОРИ ЗА ЖИВОТ: Човекот кој пукаше во него е писател

ЗАВРШИ ВО БОЛНИЦА: Напаѓач пукаше во Роберт Фицо

ЗАВРШИ ВО БОЛНИЦА: Напаѓач пукаше во Роберт Фицо

ГЕРМАНЦИТЕ ВО ШОК И КАУФЛАНД ЗАТВОРА: Дел од неговите филијали во Германија заминуваат во историјата

ГЕРМАНЦИТЕ ВО ШОК И КАУФЛАНД ЗАТВОРА: Дел од неговите филијали во Германија заминуваат во историјата

Зеленски ја откажа посетата на Шпанија и Португалија

Зеленски ја откажа посетата на Шпанија и Португалија

МНОГУ СЕ ОБИДУВАА ДА МЕ УБИЈАТ, ГЛАВАТА МИ ВРЕДЕШЕ 4 МИЛИОНИ ДОЛАРИ Исповед на синот на Пабло Ескобар - ова беа последните зборови на неговиот татко

МНОГУ СЕ ОБИДУВАА ДА МЕ УБИЈАТ, ГЛАВАТА МИ ВРЕДЕШЕ 4 МИЛИОНИ ДОЛАРИ Исповед на синот на Пабло Ескобар - ова беа последните зборови на неговиот татко

БЛАГОДАРЕНИЕ НА НЕГО, НОРВЕЖАНИТЕ ЗНААТ КАДЕ ИМ СЕ ПАРИТЕ: Кој е Николај Танген?

БЛАГОДАРЕНИЕ НА НЕГО, НОРВЕЖАНИТЕ ЗНААТ КАДЕ ИМ СЕ ПАРИТЕ: Кој е Николај Танген?

ОЛИМПИСКИ ИГРИ: Koлку ќе заработи Париз?

ОЛИМПИСКИ ИГРИ: Koлку ќе заработи Париз?

САКА ПОБЕДА ВО УКРАИНА СО МИНИМАЛНИ ЖРТВИ: Што друго планира новиот руски министер?

САКА ПОБЕДА ВО УКРАИНА СО МИНИМАЛНИ ЖРТВИ: Што друго планира новиот руски министер?

Бактериите отпорни на лекови можат да направат „Ковид-19 да изгледа ситно“

Бактериите отпорни на лекови можат да направат „Ковид-19 да изгледа ситно“