ОН бара детската порнографија на интернет да стане кривично дело
Објавено во: Свет 12 Март, 2015 13:29
Специјалниот известувач на ОН Мод де Бур-Букикио ја повика меѓународната заедница да го прочисти ширењето на интернет детска порнографија и да има кривични прекршоци за истото.
Во извештајот пред седница на Советот на ОН за човекови права во Женева таа препорачува земјите да прифатат закони со кои се забрануваат сите облици на трговија и сексуална експлоатација на деца на интернет. Според неа треба да се воведе кривична одговорност за пристап до детска порнографија, обезбедување на детска порнографија, помош на детска проституција и размена на информации за трговија со деца.
Според податоците на извештајот, жртви на сексуална експлоатација се јавуваат над 10 милиони деца.
Овој сегмент во криминалната активност генерира годишен обрт од 7-19 милијарди долари. „Во извештајот се нагласува дека земјите треба да донесат закон за ефикасна борба против трговијата со деца и нивната сексуална експлоатација, извршена со помош на нови технологии“. Мод де Бур Букикио беше назначена на функцијата специјален известувач на ОН за прашањата на трговијата со деца, детска проституција и детска порнографија во јуни 2014 година.
Можеби ќе ве интересира
Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела
Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва
Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина
Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел
Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“
САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки
Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?




