18 Декември, 2025
0.0592

ОН со мрачни предвидувања за водата

Објавено во: Мои пари 20 Март, 2015 14:13

Добивај вести на Viber

Светот може да остане само 40% на вода за само 15 години, ако замјите драматично не го сменат користењето на ресурсите, предупредува во извештај на ОН, пренесува „АП“.

Резервите од подземните води се намалуваат, прогнозите покажуваат и непостојаност на дождовите поради климатските промени. Додека светското население се очекува да се зголеми за 9 милијарди луѓе до 2050 година, поголеми количини на подземните води ќе бидат потребни за земјоделството, индустријата и личната потрошувачка.

Во извештајот се истакнува дека потрошувачката на вода во светот ќе порасне за 55% до 2050 година, додека резервите ќе се намалуваат. Ако нема промена во користењето на водните ресурси, светот до 2030 година ќе остане со 40% недостиг на вода, нагласуваат од ОН.

Ако балансот помеѓу побарувачката и ограничувањето на понудата не биде откриена, светот ќе биде изведен пред растечки дефицит на вода во светот, алармираат во годишниот извештај „World Water Development“, каде што се додава дека е потребна поголема ефикасност, за да може да се гарантира доволно снабдување со вода во иднина.

Во документот, објавен во „Њу Делхи“ два дена пред Светскиот ден на водата, се повикуваат политичарите и заедниците да ги преиспитаат политиките поврзани со водата.

Земјите може да побараат зголемување на цената на водата, но исто така, да побараат начини за поефикасен и еколошки чист сектор, се вели во извештајот.

Во Индија на пример загадувањето на водните извори често е во предвид и е кривично дело. Најмалку 80% од населението на азиската страна консумира вода од подземните води, за да се избегнат бактериски болести.

Во моментот 748 милиони луѓе во светот немаат пристап до чиста вода за пиење, се наведува во извештајот, предупредувајќи дека економскиот раст сам по себе не е решение и дека ситуацијата може да стане полоша, ако нема реформи за поголема ефикасност и за помало загадување.

Можеби ќе ве интересира

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка

ЕДУКАТИВНО ПРЕДАВАЊЕ ЗА ОДГОВОРНО ИГРАЊЕ ИГРИ НА СРЕЌА

ЕДУКАТИВНО ПРЕДАВАЊЕ ЗА ОДГОВОРНО ИГРАЊЕ ИГРИ НА СРЕЌА

КАМ го потврдува својот квалитет со три нови меѓународни сертификати „Best Buy“

КАМ го потврдува својот квалитет со три нови меѓународни сертификати „Best Buy“

Како да купуваме паметно во пресрет на новогодишните празници

Како да купуваме паметно во пресрет на новогодишните празници

Во dm има голем избор на мирисни ноти: Која ќе доминира оваа зима? Ова се нашите топ 5!

Во dm има голем избор на мирисни ноти: Која ќе доминира оваа зима? Ова се нашите топ 5!

Како да откриеш која кредитна картичка одговара на твојот животен стил?

Како да откриеш која кредитна картичка одговара на твојот животен стил?