„Она што го видов овие 12-ина дена е загрижувачки“: директор на Царина, Николовски бара начини за побрз проток на транспортерите
Објавено во: Македонија 18 Јули, 2024
Ќе се намалат ли најпосле гужвите и долгите колони на чекање на границите, кои се вообичаена слика на гранциите.
Дали автоматизација на терминали на граничните премини, софистициран систем за надзор, како и усогласување на цените на царината и на инспекторите ќе придонесат кон овие цели. Ова се дел од мерките што Царината најави дека ќе ги преземе за да се скрати времето на чекање на транспортерите, по средбата која Царинската управа ја имаше со Асоцијацијата Макам-транс на ГП Табановце.
- Како царинска управа во моментов имаме заложби и реагираме за автоматизација на терминалите на граничните премини. Кога системот кога ќе биде имплементиран ќе биде поврзан со пософистициран систем за видеонадзор кој ќе може автоматски да ги регистрира регистарските таблички и тој систем ќе донесе многу користи информации не само за царинската управа, туку и за другите институции, за нашите, македонски транспортери ќе им го скрати времето за влегување на терминалите - изјави директорот на Џарина Бобан Николовски.
Директорите на Царинската управа, Николовски и Агенцијата за храна и ветеринарство, Оливер Миланов разговарале и за можноста да се усогласат смените на инспекциските служби со царинските службеници што дополнително ќе го олесни протокот.
- Втора работа која сакам да ја потенцирам, а е во интерес на транспортерите дека на наша иницијатива на царинската управа остваривме средба со директорот на агенцијата за храна и ветеринарство. Човекот има чуство за проблемите коишто се случуваат во моментов, а се поврзани со транспортерите, царинската управа и АХВ. Апелиравме да се реагира побргу, да бидат компатибилни смените на царинските службеници заедно со смените на инспекциските служби кои се под АХВ - додава Николовски.
Досега потпишаните протоколи ќе се почитуваат за да се намали времето на чекање и застанување на македонските транспортери. Повика сите одговорно да се однесуваат, сите да имаат бенефит, да имаат партнерски однос.
- Како директор на царинската управа ќе се заложам сите потпишани протоколи максимално да се почитуваат посебно за кратење на времето на македонските транспортери. Она што го видов овие 12-ина дена како сум директор е загрижувачки. Би апелирал до колегите царински службеници, сите заедно да почнеме да ја менуваме свеста на царинскиот службеник, редот, работата и дисциплината да бидат први. Апелирам и до сите други инволвирани стопанственици, транспортери да се вклучат активно за да придонесат царинската униформа да не биде погазена. Да внимаваме овој процес на царинско движење да биде партнерски однос и сите да имаат бенефит, но најмногу државата, економијата, буџетот - рече Николовски.
Од Асоцијацијата Макам Транс се согласуваат дека заеднички мора да работат, бараат да се преземат чекори со кои ќе се намали времето на чекање.
- Како што знаете превозот на стока во една увозно зависна држава зависи во 96 отсто случаи од превоз по патниот сообраќај. Се согласувам со директорот дека треба заеднички да работиме. Револтот којшто се јавува заради чекање, треба да го намалиме со преземање на одредени активности како што е забрзување при влез со Агенцијата за ветеринарство, со другите инспектори. И пет минути да се намали времето на чекање е добро - изјави секретарката на Асоцијацијата, Билјана Муратовска.
Транспоретрите кои ги анкетиравме бараат поголема ажурност од институциите, поголема координираност од двете страни. Тие се пожалија дека чекаат и по пет часа, особено во летниот период.
-.Во период кога имаме поголема фреквенција се чека повеќе. Мора да се најде оптималниот начин како можеме да соработуваме, работите да се надминат. Инаку да ви кажам пет часа во споредба со тоа што ние чекаме за влез во Хрватска, за влез во Унгарија, тоа се како награда, бидејќи по 30 часа, по 48, по два дена, по три дена се чека, што е страшно и тоа се нестандардни мерки коишто тие ги спроведуваат. И од тој аспект како државна институција Царинската треба навистина да не поддржуваат да ни дадат можности да се почувствуваме важни во самата држава за да можеме и натаму да одиме и да се бориме да се развивамe - рече Муратовска.
Николовски кажа дека ќе ги почитува сите протоколи, вклучително и оној кој е потпишан од претходникот за еднаш да се мерат камионите и да се надмине метежот.
- Јас силно ќе се заложам, знам дека е потпишан тој протокол со Р. Србија, и овој протокол ќе се заложам да профункционира максимално. Она што денеска го имам како информација дека од февруари до вчера мислам околу 550 камиони само еднаш ја искористиле таа можност. Меѓутоа тука треба да се апелира и до самите транспортери да се повикаат на тој договор. Инаку ќе се заложиме максимално да функционира - рече Николовски.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.