оне.Вип донира милион денари помош за настраданите подрачја
Објавено во: Мои пари 09 Август, 2016 14:29
Со големо жалење за изгубените човечки животи и настанатите штети, оне.Вип се вклучува во помош на настраданите подрачја.
Денес со Одлука на Управниот одбор на компанијата на Фондот за солидарност на Црвениот крст на РМ префрлени се 1.000.000 денари наменети за настраданите во подрачјата зафатени со невремето кое се случи на 6 август оваа година.
Дополнително, со цел да им овоможи непречена комуникација на припејд корисниците во погодените области кои не се во можност да ги надополнат своите сметки, оне.Вип ќе обезбеди дополнителен бесплатен сообраќај на своите корисници за што ќе добијат известување преку СМС порака. Заради комплексноста на системите кои се потребни за реализација на оваа активност, имплементацијата ќе започне во текот на утрешниот ден.
Истовремено, од страна на вработените на оне.Вип собрани се големи количини на храна, хигиенски материјали, свеќи, чизми, ракавици наменети за кризните подрачја. Колеги на доброволна основа ќе се вклучат и во расчистување и санирање на штетите за која цел ќе бидат ослободени од работа.
Корисниците на оне.Вип во Република Македонија може да донираат по 100 МКД повик на бројот за донација на Црвен крст (075/077) 143 400.
Услугите на оне.Вип се достапни. Стручните екипи во зголемен број се на терен и интервенираат при сите проблеми и прекини настанати како последица од невремето.
Можеби ќе ве интересира
Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година
Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација
Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка
ЕДУКАТИВНО ПРЕДАВАЊЕ ЗА ОДГОВОРНО ИГРАЊЕ ИГРИ НА СРЕЌА
КАМ го потврдува својот квалитет со три нови меѓународни сертификати „Best Buy“
Како да купуваме паметно во пресрет на новогодишните празници
Во dm има голем избор на мирисни ноти: Која ќе доминира оваа зима? Ова се нашите топ 5!
Како да откриеш која кредитна картичка одговара на твојот животен стил?




