16 Декември, 2025
0.0574

Оној кој ја внесе Грција во еврозоната, сега ја притисна до ѕидот

Објавено во: Балкан 19 Март, 2015 08:06

Добивај вести на Viber

Ако сегашноста за грчкиот министер за финансии не е доволно тешка, сега го стигна и минатото на земјата. Јанис Варуфакис треба да направи вистински чуда, за да може земјата да ги отплати краткорочните побарувања на своите кредитори. Но пари треба да се најдат не само за јавно познатите доверители во лицето на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Европската централна банка (ЕЦБ) и земјите членки од еврозоната. Одеднаш сега се појавува нов субјект. На 20 март активна станува каматата распоредена од американската инвестициска банка Goldman Sachs зделка по обврзници. Така Варуфакис мора да најде повеќе од 2 милијарди евра до петок. Како да е иронично дека токму Goldman Sachs ќе си ги бара парите од Атина. Бидејќи финансискиот договор со американската инвестициска банка за да ја прикријат во 2001 година зголемената тежина на долгот на земјата и помогна на Грција да ги исполни условите за пристапување кон еврозоната. Сега сепак долгорочните последици би можеле да ја доведат земјата до работ на банкрот и да ја зголемат веројатноста за излегување од еврозоната. Со помош на Goldman Sachs во 2001 година, Атина успеа да претвори дел од своите долгови во долари и јени во обврски во евра со помош на т. н. Валутни свопови. Таквите зделки во принцип не се реткост. Но договорот тогаш бил специјално структуриран за Грција. Атина добила висока еднократна почетна сума, за да го намали дефицитот. За сметка на тоа страните на договорот се согласија за високи камати во следните години, една од кои очигледно достасува овој петок. Атина сепак не треба да плаќа пари директно на Goldman. Американската инвестициска банка ја трампала обврската многу пред да експлодира должничката криза на грчката банка. Сега обврзниците се во сопственост на грчката централна банка. Претатвници на централната банка и на Goldman Sachs не сакаат да го коментираат износот на плаќањето. Со недели финансиската состојба на грчката држава е збунувачка. Претседателот на Европскиот парламент Мартин Шулц изјави на крајот на неделата за Frankfurter Allgemeine Sonntagszeitung дека на крајот на март Грција нема да располага со пари. Од Европската комисија, сепак засега нема потврда на овие податоци. Федералната влада на Германија исто така не сака да дава изјава за финансиската состојба на Грција. "Сé уште има релативно голема несигурност во однос на финансиската состојба на Атина", изјави сепак извор од владините кругови. Но дури и само тоа зборува многу. Финансиските пазари се вознемирени. Во меѓувреме веројатноста од нов грчки банкрот сега се проценува на над 75 проценти. Тоа е особено забележливо и на пазарите за обврзници. Приносот по тригодишни грчки обврзници се зголеми до над 20 отсто. Така, се чини дека спокојството што настана по постигнувањето на договорот со донаторите на крајот на февруари, веќе е исчезнато. До крајот на април Атина треба да го обезбеди на партнерите од ЕУ својот детален список на реформи и да добие во замена свежи пари. Сега сепак станува јасно дека сега достапните пари може да не стигнат до крајот на април. Бидејќи ако средствата од спасувачкиот пакет на еврозоната не се одмрзнат и Атина нема пристап до пазарот на капитал, владата има намера да претстави итни планови за прибирање средства. Со цел да се гарантира исплатата на достасани на крајот на месецот пензии и плати, задоцнети даночни обврзници кои ги плаќаат своите даночни обврски до 27 март, ќе бидат ослободени од казните. Со овој чин, Владата се надева да ја зголеми подготвеноста за плаќање. Владиниот предлог-закон предвидува уште дека пензиските фондови и јавни корпорации треба да ги инвестираат своите резерви кои ги држат во грчката централна банка, во локални државни хартии од вредност. Покрај тоа 556 милиони евра од Фондот за рекапитализација на банките ќе бидат вметнати во државниот буџет. Минатата сабота, владата рече дека има план за "подобрување на ликвидноста" и ќе биде во можност да го отплати без проблеми долгот наредната недела за пензии и плати. Премиерот Алексис Ципрас вети дека ќе ги исполни обврските за кредитите на земјата и да стави крај на курсот на штедење. "И драматургот Софокле не би можел да смисли подобро сценарио за трагедија", вели Андреас Кутрас од финансиската куќа In Touch Capital Markets. Се чини дека сè поттикнува на мислата за повторно воведување на драхмата. И други експерти се скептични. "Колку повеќе време поминува, толку помалку простор за маневрирање останува", вели Теодор Пелагидис, професор во Brookings Institution. "Човек останува со впечаток дека нема ниту план А, ниту план Б. Нема ништо". Во понеделникот германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле изјави во Берлин дека не познава никого во меѓународните институции, кој може да му каже со што планира да заврши грчката влада. "Атина ја премолчува вистината на народот", изјави Шојбле. Според неговите зборови, исто така никој не знае до кога Грција ќе има пари. Во средата Грција има намера да пласира благајнички записи во износ од 1 милијарда евра. До 60 проценти од обемот на емисијата може да бидат пласирани на следниот ден. Приходите треба да послужат за рефинансирање на тековните обврски во износ од 1,6 милијарди евра, кои се со достасување до 20-ти март. На истиот ден најсилно задолжената земја во Европа треба да исплати околу 350 милиони евра на Меѓународниот монетарен фонд. Други 110 милиони евра во форма на камата на обврзници, долг на ЕЦБ, исто така, има рок на достасување на овој датум. Буџетската ситуација исто така се влошува. Несигурноста околу можните нови избори натежнува. На крајот на минатата година економијата се намали за 0,4 отсто, а тоа ги стеснува и даночните приходи. Примарниот суфицит на грчкиот државен буџет, односно буџетскиот суфицит со исклучок на камати, изнесува 0,3% до крајот на 2014 година. На овој начин, властите во Атина ја пропуштија целта од постигнување на примарен суфицит од 1,5 отсто. Падот сепак не се должи само на слабата конјуктура. Предвидувајки ја победата на Сириза на изборите на крајот на јануари и очекувањата за можни даночни олеснувања многу граѓани не ги платиле своите обврски кон државата. А и властите не покажаа напори да соберат пари, пишуваат грчките финансиски изданија. Во меѓувреме, ЕЦБ ќе ја провери ликвидноста на грчките банки денеска. Во истиот ден во Брисел започнува самитот на еврозоната. По секоја веројатност Ципрас ќе го стави проблемот со ликвидноста на маса и при првата билатерална средба со германската канцеларка Ангела Меркел на 23 март. "Грчката позиција останува нејасна, а истото важи и за притисокот на колегите во еврозоната", вели Аристидес Хацис, професор по право и економија на Универзитетот во Атина. "Играта на мачка и глушец може да се влече до јуни", смета тој. К.К.

Можеби ќе ве интересира

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени