18 Декември, 2025
0.0713

„ОНОЈ КОЈ МИСЛИ ДЕКА СО СЕДЕЊЕ ДОМА ЌЕ КАЗНИ НЕКОГО, СЕ ЛАЖЕ“: Мицкоски очекува мирна кампања, еве што кажа за опозицијата

Објавено во: Македонија 29 Септември, 2025 16:56

Добивај вести на Viber

Премиерот и лидер на владејачката партија ВМРО - ДПМНЕ, Христаијан Мицкоски денеска зборуваше за кампањата за Локалните избори 2025, при што овени дека граѓаните на овие избори имаат две опции и тоа коалицијата што ја предводи неговата партија и коалицијата на СДСМ, ДУИ и Левица. 

- Она што го нудиме ние во нашите пораки во кампањата ќе бидат проекти, визија како гледаме да ја развиваме Македонија - рече Мицкоски.

Опозициските СДСМ, ДУИ и Левица, рече тој, ќе продолжат да испраќаат збунувачки, невистинити и неточни информации, а некои испраќаат пораки кои можеби би биле добри за 19-от век. 

- Очекувам мирна кампања. Очекувам кампања во која што опозицијата ќе измислува, ќе испраќа пораки кои се збунувачки и невистинити и неточни. Еве денеска да речеме повторно медиумите и во Македонија и во оние статистики во Европа-Евростат ја демантираат опозицијата која што велеше дека не растеле платите, еве тие велат дека шеста е во Европа во конкуренција на земјите од ЕУ и на земјите кои се кандидати за членство во ЕУ изминатата година, јули месец минатата година споредено со јули месец оваа година. Сите пораки се темелат на лаги, конструкции, подметнувања, тоа е тоа. И оној дел од опозицијата уште живее во деведесетите години од минатиот век. Пред три, четири, пет децении. Пораки кои можеби би биле добри за крајот на 19-от, почетокот на 20-от век - посочи Мицкоски. 

Како што нагласи, граѓаните на овие избори имаат две опции. Трета опција, вели Мицкоски, нема и не постои и секој оној кој мисли дека со седење дома, со апстинирање ќе казни некого, или, пак, ќе покаже пркос или ќе испрати некаква порака се лаже. Тогаш тој, според него, директно гласа за Венко Филипче, за Али Ахмети и за Димитар Апасиев. 

- Една опција е коалицијата СДСМ, ДУИ и Левица, коалицијата Венко Филипче-Али Ахмети Димитар Апасиев, па и да кажев Димитар Заев немаше многу да згрешам бидејќи гуруто во позадина е тој на оваа коалиција и тој е патот кој седум години го гледавме. Пат на криминал, корупција, национални понижувања, неработа, неиспорака. И следната опција е ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. Тоа е она кое што ние заедно со поддршката која што ја имаме од граѓаните еве изминативе 15-16-ти месец го работиме. И доколку се задоволни од тоа што ние го работиме ги повикувам на сопствена волја да излезат и на изборите на 19 октомври да го дадат својот глас за онаа опција за која што сметаат дека е подобра, рече премиерот Мицкоски кој беше во посета на Градско

Фото: МИА

Можеби ќе ве интересира

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје

Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив

Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив

Левица: Ќе доставиме докази против Томовски во Антикорупциска

Левица: Ќе доставиме докази против Томовски во Антикорупциска

Игор Ивановски и Андреј Петров отвораат фронт за преземање на СДСМ?

Игор Ивановски и Андреј Петров отвораат фронт за преземање на СДСМ?

ВМРО-ДПМНЕ: Државниот ревизор потврди дека Груби прикрил 2 милиони евра од Лотарија

ВМРО-ДПМНЕ: Државниот ревизор потврди дека Груби прикрил 2 милиони евра од Лотарија