ОПАЃАЊЕ НА КОСАТА, ХРОНИЧЕН ЗАМОР, СЛАБА МЕМОРИЈА, АНКСИОЗНОСТ-ПОСТКОВИД СИМПТОМИ ОД АГРЕСИВНА АНТИБИОТСКА ТЕРАПИЈА: Д-р Беќаровски пренесе научна студија
Објавено во: Македонија 28 Јануари, 2022 10:39
Токсикологот, д-р
Нико Беќаровски во последната објава на Фејсбук говори за последните
истражувања и наоди на истражувачите од Универзитетот во Хонг Конг кои
укажуваат дека нарушувањето на бактериите во цревата е поврзано со продолжениот
синдром на Ковид-19.
Иако се пронајдени врски помеѓу цревната микрофлора и Ковид-19, како и други болести, ова е прво објавено истражување кое покажува поврзаност конкретно со долгорочните ефекти на Ковид. Хроничен замор, опаѓање на коса итн се само дел од постковид симптомите кои се јавуваат од нарушената микрофлора.
„Според нашите сознанија, ова е прва студија која покажа дека изменетиот состав на микрофлората во цревата е силно поврзан со постојани симптоми кај пациенти со Ковид-19 до 6 месеци по отстранувањето на вирусот САРС-КоВ-2“, вели Сиу Нг, директор на универзитетскиот Центар за истражување на цревната микрофлора во Хонг Конг.
-МИКРОФЛОРАТА НАЈЛЕСНО СЕ НАРУШУВА ОД НЕКОНТРОЛИРАНА УПОТРЕБА НА АНТИБИОТИЦИ !!!!! Сега можеби ќе Ви стане појасно зошто грлата ни се исушија со моите почитувани колеги Nikola Panovski и Dragan Danilovski, во апелите ЗА РАЦИОНАЛНА УПОТРЕБА НА АНТИБИОТИЦИТЕ кај Ковид болните, нагласува д-р Беќаровски во објавата.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




