„ОПАСНА ДИЈАГНОЗА СТАНАВМЕ, НЕ ПРЕПОЗНАВАМЕ ДОБРО, А НЕ ЛОШО“ - адвокатот Владимир Туфегџиќ разочаран од тоа во какво општество се претворивме
Објавено во: Македонија 07 Февруари, 2025 10:23
Адвокатот Владимир Туфегџиќ е разочаран од тоа какво опшетство станавме, дезориентирано и деструктивно, а тоа го пренесе и преку својот фејсбук профил.
„Станавме опасно контаминирано општество, ние сме веќе до тој степен дезориентирани што немаме капацитет да препознаеме што е добро а што лошо, што е исправно а што неисправно, кој е обвинител а кој судија, наместо судија обвинител образложува зошто е определен притвор, ФБ суди и пресудува…….
Не треба да не чуди вакво однесување кога само трагедии, лоповлук и корупција и се што е лошо и деструктивно се единствена и главна тема за реакција.
Најстрашно е што во реакцијата нема компас и правец на движење, без суштина.
Се рипа од тема на тема до степен што се заборава што беше поводот за реакцијата, само неконтролиран бес.
Човек се чувствува како во сала со 5.000 луѓе кои зборат истовремено и никој никого не слуша а кога ќе заврши галамата следи она волшебно прашање, слушна ја што му кажав на тој он кога кажа за таа а?
Читаш секој ден наслови од типот, се степале ортопед и хирург у операциона сала, маж ја утепал сопругата, децата, братот и комшијата со секира, се степале за паркинг место, силувал малолетничка, оној украл волку…. оној украл толку…… се на се опасна дијагноза станавме“, пишува Туфегџиќ на својот фејсбук профил.
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината




