ОПАСНО: Повеќе од 500 џихадисти од Балканот во Сирија и Ирак
Објавено во: Свет 23 Јануари, 2015 11:10
Повеќе од 500 државјани на земјите од западниот Балкан отишле да се борат на страната на исламските екстремисти во Сирија и Ирак - рекол вчера за новинарите еден висок претставник на ЕУ задолжен за сузбивање на тероризмот.
Тој нагласил дека Унијата и државите од западниот Балкан тесно соработуваат во борбата против исламскиот тероризам. Високи претставници на ЕУ затоа, после разговорот со властите во Босна и на Косово, ќе дојдат и во Албанија и Србија, вклучувајќи го и подрачјето на Санџак.
Земјите од западен Балкан се важни бидејќи нивните граѓани можат без виза да влегуваат во шенгенскиот простор на ЕУ, а преку овој регион илегално поминуваат џихадисти кои заминуваат или се враќаат од Ирак и Сирија, а сега и Јемен во ЕУ,, неретко обучени и спремни за насилство. Овој претставник навел дека сите земји на ЕУ и соседи мора добро да соработуваат во мерките на корено сузбивање на тероризмот бидјќи џихадистите, бараат слабо клопче во ланецот на одбрана на ЕУ, и преку нив настојуваат да се уфрлат на територијата на Унијата или да одат, побегнат - навел висок европски функционер.
Повеќе од 3000 а можно е и до 5000 државјани од земјите на ЕУ отишле да се борат на страната на екстремистите на ИД во Ирак и Сирија, а третина во меѓувреме се вратила во ЕУ.
Високиот функционер на ЕУ посочил дека главните терористички закани за ЕУ идеите на џихадот ги заслепиле исламските екстремисти, внесени странси терорисити од разни исламски групации, а и настојувања на екстремистите на т.н. Исламска држава во Ирак и Сирија и мрежата на Ал Каеда да во меѓусебните наткажувања во вооружени напади во Европа ја покажат својата моќ.
Можеби ќе ве интересира
Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација
Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина
Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела
Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва
Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина
Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел




