18 Декември, 2025
0.0455

ОПАСНОСТ ОД ТЕРОРИЗАМ: Министрите на ЕУ денеска ќе разговараат за безбедноста

Објавено во: Свет 19 Јануари, 2015 10:50

Добивај вести на Viber

Министрите за надворешни работи на земјите во Европската унија денес во Брисел ќе разговараат за безбедносните закани во Европа по неодамнешните напади. Европа во моментов се наоѓа во зголемена подготвеност по неуспешните терористички завери во Белгија и нападите во Париз во кои беа убиени 17 лица. Се очекува министрите да не донесат денес конечна одлука, но да разгледуваат серија опции паралелно со специјалниот самит посветен на тероризмот кој треба да се одржи идниот месец, пренесува „АФП“. Белгија побарала од Грција да и испорача едно осомничено лице, кое се сомничи за можна поврзаност со завера на исламистите. Не е јасно дали станува збор за Абделхамид Абауд, кој наводно е лидер на келијата која планирала убиства на белгиски полициски службеници. Сепак до сега нема потврда од грчка страна дали тој е меѓу уапсените  лица во Грција. Една од темите на состанокот во Брисел ќе биде и односите со Русија, пренесува „Би Би Си“. Министрите ќе се обидат да ги надминат големите разидувања меѓу државите на Унијата во врска со кризата во Украина и односите кон Русија. Американските претставници потврдиле дека државниот секретар на САД, Џон Кери, ќе учествува во разговорите во Лондон посветени на групата „Исламска држава“. Состанокот на членките на коалицијата на чело со САД, кои се борат против „Исламската држава“ ќе биде одржан на 22 јануари.    

Можеби ќе ве интересира

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“