Опожарени два контејнери во центарот на Скопје
Објавено во: Македонија 27 Декември, 2024
ЈП Комунална хигиена - Скопје информираше дека денес претпладне непознати сторители опожариле два сада наменети за одлагање комунален отпад во скопската населба Дебар Маало кај Генералштабот.
„Контејнерите се лоцирани на улицата Орце Николов, во непосредна близина на Генералштабот и истите се со зафатнина од 3,2 кубни метри. Двата опожарени контејнера се неупотребливи и во најкус можен рок ќе бидат заменети од страна на екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје“, информира комуналното претпријатие.
Од почетокот на 2024 година се опожарени 22 садови наменети за одлагање на комуналниот отпад на територијата на градот Скопје. Сите случаи на опожарување на контејнерите се пријавени кај надлежните органи.