28 Декември, 2024
0.0274

„Оставам на обвинителството, да видиме дали овој глас ќе допре до нив и дали ќе преземат мерки“: Мицкоски за следењето

Објавено во: Македонија 27 Декември, 2024

Добивај вести на Viber

Премиерот Христијан Мицкоски очекува од Јавното обвинителство по допрен глас да преземе мерки во врска со информациите кои ги изнесе на вчерашната собраниска седница за пратенички прашања дека претходната власт физички го следела него тогаш како предводник на најголемата опозициска партија, оти наводно бил лидер на паравоена формација. 

- Она што е интересно од тоа што можам да го кажам и да го споделам со јавноста е дека овие списи, извештаи или како да ги наречам дебрифинзи, се креирани на почетокот на 2020 година кога е изборна година. Замислете, една од безбедносните агенции, од оправдани причини нема да кажам која е, располага со вакви информации во кои што јас инспирирам, финансирам и организирам вакви терористички структури вооружени, а притоа не го информирала МВР. И се поставува прашањето зошто не го информирала. 

Одговорот е јасен, затоа што тоа беше техничкиот период и тогаш технички министер беше г. Наќе Чулев, зборувам во 2020 година. Ова било само начин преку монтажа да се обезбеди физичко покривање на лидерот на најголемата политичка партија во тој момент – ВМРО-ДПМНЕ. Останатото еве оставам до обвинителството, да видиме дали овој глас ќе допре до нив и дали тие ќе преземат некакви мерки - рече Мицкоски на новинарско прашање дали очекува разврска во врска со неговото следење од безбедносните служби дека бил лидер на паравоена формација. 

Прашан до каде е со реализација најавеното спојување на Агенцијата за разузнавање и Агенцијата за национална безбедност, и дали има некаков предлог закон за спојување на агенциите, тој посочи дека се во подготовка реформи за кои ќе биде потребно време. 

– Таа процедура нема да биде брза и се разбира нема да биде јавна. Кога ќе биде се’ завршено, а за тоа треба време, ќе биде јавна, ќе има јавна дебата, ќе можат експертите да ги дадат своите мислења. Но, ние се подготвуваме на оваа реформа бидејќи оваа реформа најголемиот дел од НАТО земји ја имаат направено, од соседството таква е во Словенија, во Хрватска итн. Така што, да бидеме трпеливи затоа што сепак станува збор за системот за разузнавање и контраразузнавање на државата - рече Мицкоски по присуството на презентацијата на резултатите од работата на Министерството за внатрешни работи за изминатата година од страна на ресорниот министер Панче Тошковски, на која присуствуваше и државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски.

Премиерот Мицкоски вчера од собраниската говорница укажа на незаконско работење на дел од агенциите и службите задолжени да се грижат за безбедноста на граѓаните и државата, истакнувајќи ја неопходноста од реформи во работењето на службите. Одговарајќи на прашање на пратеникот Јован Јаулески за нови моменти од спроведените истраги внатре во рамки на безбедносните структури, премиерот посочи дека претходната власт физички го следела него како лидер на најголемата тогаш опозициска партија, но и членови на  неговото потесно семејство, неговата сопруга и синовите. 

Можеби ќе ве интересира

ВО МАКЕДОНИЈА ДЕНЕСКА СТУДЕНО, МАГЛИВО И СОНЧЕВО - температурите под нулата утрово, највисоките ќе се искачат до 10 степени

ВО МАКЕДОНИЈА ДЕНЕСКА СТУДЕНО, МАГЛИВО И СОНЧЕВО - температурите под нулата утрово, највисоките ќе се искачат до 10 степени

„ПЕТ ИЛЈАДИ НАСТАВНИЦИ СЕ ВИШОК“: министерката уверува ќе се бараат начини за нивна искористеност

„ПЕТ ИЛЈАДИ НАСТАВНИЦИ СЕ ВИШОК“: министерката уверува ќе се бараат начини за нивна искористеност

ЕВЕ КАКО Е НА МАВРОВО ПО ВРНЕЖИТЕ - идилично, сонце и многу снег (ВИДЕО)

ЕВЕ КАКО Е НА МАВРОВО ПО ВРНЕЖИТЕ - идилично, сонце и многу снег (ВИДЕО)

„УШТЕ ЕДЕН ГЛУПАК КОЈ НЕМА ПОЈМА ШТО ЗНАЧИ ЗАКОН, ДЕМОКРАТИЈА, ВЛАДЕЕЊЕ НА ПРАВОТО“: Најчевска со остри критики за најавените реформи

„УШТЕ ЕДЕН ГЛУПАК КОЈ НЕМА ПОЈМА ШТО ЗНАЧИ ЗАКОН, ДЕМОКРАТИЈА, ВЛАДЕЕЊЕ НА ПРАВОТО“: Најчевска со остри критики за најавените реформи

ФАКТОР НА ДЕНОТ: ОЈО отвори предмет по тврдењата на Мицкоски дека службите го следеле него и семејството

ФАКТОР НА ДЕНОТ: ОЈО отвори предмет по тврдењата на Мицкоски дека службите го следеле него и семејството

ОЈО ПО ИЗЈАВАТА НА ТОШКОВСКИ: За осомничениот во „Адитив“ нема известување од Судот дека е недостапен

ОЈО ПО ИЗЈАВАТА НА ТОШКОВСКИ: За осомничениот во „Адитив“ нема известување од Судот дека е недостапен

САРАЕВО Е ЧЕТВРТИ НАЈЗАГАДЕН ГРАД НА СВЕТОТ: Каде е Скопје на листата?

САРАЕВО Е ЧЕТВРТИ НАЈЗАГАДЕН ГРАД НА СВЕТОТ: Каде е Скопје на листата?

ОЈО ОТВОРИ ПРЕДМЕТ ПО ДОПРЕН ГЛАС: Ќе истражуваат кој го следел Мицкоски

ОЈО ОТВОРИ ПРЕДМЕТ ПО ДОПРЕН ГЛАС: Ќе истражуваат кој го следел Мицкоски

ТОШКОВСКИ ЗА ПОЛИЦАЕЦОТ КОЈ ГО СИМНА АЛБАНСКОТО ЗНАМЕ: Одделот за внатрешна контрола не утврди дека прекршил било каква процедура

ТОШКОВСКИ ЗА ПОЛИЦАЕЦОТ КОЈ ГО СИМНА АЛБАНСКОТО ЗНАМЕ: Одделот за внатрешна контрола не утврди дека прекршил било каква процедура