ТОШКОВСКИ ЗА ПОЛИЦАЕЦОТ КОЈ ГО СИМНА АЛБАНСКОТО ЗНАМЕ: Одделот за внатрешна контрола не утврди дека прекршил било каква процедура
Објавено во: Македонија 27 Декември, 2024
Mинистерот за внатрешни работи, Панче Тошковски вели дека истрагата не утврдела вина кај полицаецот од Куманово кој го симна албанското знаме.
Тој вели дека истрагата за полицаецот од Куманово, кој на Денот на албанското знаме го симнал албанското знаме од јарбол на улица, не утврдила прекршување на полициските процедури.
„Одделот за внатрешна контрола не утврди дека полицаецот прекршил било каква стандардна оперативна процедура во рамките на Министерството за внатрешни работи. Подетални информации ќе бидат достапни во наредниот период“, изјави Тошковски.
Поради сквернавење на македонското и албанското знаме на 28 ноември, уапсени се 17 луѓе, од кои голем дел се малолетници.
Партијата ДУИ не е задоволна од овој исход. ДУИ е незадоволен од тоа што не е казнет полицаецот кој на 28 ноември го извади албанското знаме од јарболот за истакнување на државното знаме во Куманово. Полицаецот на Денот на албанското знаме (28.11.2024), во Куманово качен на автомобил симна албанско знаме од јарбол. Во врска со овој случај се појави видео кое кружеше на социјалните мрежи.фото Фејсбук/Панче Тошковски