01 Ноември, 2024
0.0263

Опозицијата во благо водство, но и владеачката коалиција се прогласи за победник во Албанија?!

Објавено во: Балкан 24 Јуни, 2013

Добивај вести на Viber

Во отсуство на официјални резултати, и владејачката коалиција на премиерот во заминување Сали Бериша и левичарската коалиција предводена од социјалистот Еди Рама тврдат дека победиле на парламентарните избори што вчера се одржаа во Албанија.

Меѓутоа, според првичните нецелосни резултати, опозицијата е во благо водство. Лидерот на социјалистите Еди Рама изјави дека силите на злото биле победени.

Според Социјалистите опозицијата освоила 55,5 проценти од гласовите, наспроти 43,5 на власта. Демократите на Бериша, пак, тврдат дека тие победиле. Владејачката партија освоила 48 отсто од гласовите, наспроти 46 на опозицијата, пренесе Радио Слободна Европа.

На вчерашното гласање биле забележани неколку инциденти, а најголемиот се случил во градот Лач, северно од Тирана, каде што во пукање во близина на гласачко место било убиено едно лице, а три биле повредени, вклучувајќи и еден изборен кандидат од Демократската партија на премиерот Сали Бериша. „Ги повикав сите Албанци да гласаат цивилизирано. Нивниот глас ќе биде почитуван“, изјави Бериша. До пукањето наводно дошло по расправија меѓу симпатизери на Демократската партија на Бериша и на опозициското Социјалистичко движење за интеграција на Еди Рама. „За жал овие избори почнаа со убиство во дел на земјата каде луѓето се тероризирани од криминалци и каде нема полициска контрола“ кажа Еди Рама. По инцидентот биле уапсени седум луѓе.

Има и извештаи за насилство врз новинари, пренесува АП. На еден новинар не му било дозволено да влезе во гласачко место, камера на приватната ТВ-станица „Топ ченел“ била скршена, а еден камерман бил претепан.

Двете страни во текот на кампањата се обвинуваа за разни неправилности. Демократите на Бериша ветуваа нови инвестиции и повисоки плати и пензии, а социјалистите на Рама расчистување со криминалот и корупцијата во Албанија.

Можеби ќе ве интересира

СЕ УРНА ВЛЕЗНИОТ ДЕЛ НА ЖЕЛЕЗНИЧКАТА СТАНИЦА ВО НОВИ САД: Има голем број повредени!

СЕ УРНА ВЛЕЗНИОТ ДЕЛ НА ЖЕЛЕЗНИЧКАТА СТАНИЦА ВО НОВИ САД: Има голем број повредени!

ЕКСПЛОЗИЈА ВО СТАН ВО АТИНА: Едно лице загина, друго е повредено

ЕКСПЛОЗИЈА ВО СТАН ВО АТИНА: Едно лице загина, друго е повредено

(ФОТО) НА ПРАВНИОТ ФАКУЛТЕТ ВО БЕЛГРАД: Нозете на една девојка пропаднаа низ подот на читалната

(ФОТО) НА ПРАВНИОТ ФАКУЛТЕТ ВО БЕЛГРАД: Нозете на една девојка пропаднаа низ подот на читалната

ЕКСПЕРТИТЕ ЗА СОЛАРНА ЕНЕРГИЈА ЌЕ БИДАТ МЕЃУ НАЈБАРАНИТЕ: На Балканот ќе бидат отворени повеќе од 27.000 работни места

ЕКСПЕРТИТЕ ЗА СОЛАРНА ЕНЕРГИЈА ЌЕ БИДАТ МЕЃУ НАЈБАРАНИТЕ: На Балканот ќе бидат отворени повеќе од 27.000 работни места

МНОГУ ПОПУЛАРЕН САЛОН ЗА МЕБЕЛ ТРАЈНО Е ЗАТВОРЕН: Го презема компанија добро позната во Југоисточна Европа

МНОГУ ПОПУЛАРЕН САЛОН ЗА МЕБЕЛ ТРАЈНО Е ЗАТВОРЕН: Го презема компанија добро позната во Југоисточна Европа

РАМА Е ПРЕЗАДОВОЛЕН: Албанија е на прво место во Европа по раст на туризмот и втора во светот

РАМА Е ПРЕЗАДОВОЛЕН: Албанија е на прво место во Европа по раст на туризмот и втора во светот

БОРЕЛ ЗА СРБИЈА И НЕЈЗИНИТЕ ВРСКИ СО РУСИЈА: Мора да изберете едно или друго

БОРЕЛ ЗА СРБИЈА И НЕЈЗИНИТЕ ВРСКИ СО РУСИЈА: Мора да изберете едно или друго

(ВИДЕО) ВО ХАТАЈ: Турција изгради цел град за оние кои останаа без домови во земјотресот

(ВИДЕО) ВО ХАТАЈ: Турција изгради цел град за оние кои останаа без домови во земјотресот

ЗЕМЈОТРЕС: Се стресе северниот дел на Јадранот

ЗЕМЈОТРЕС: Се стресе северниот дел на Јадранот