17 Декември, 2025
0.0419

Опозицијата во Израел го обвини Нетанјаху за расизам

Објавено во: Свет 19 Март, 2015 11:43

Добивај вести на Viber

Лидерот на опозициската „ционистичка унија“ Јицак Херцог изјавил дека неговата партија нема да се приклучи на следната влада и го обвини Бенјамин Нетанјаху за расизам, соопштува „АП“.

Херцог истакнал пред „Army Radio“ дека неговата „ционистичка унија“, кој заврши втора по спроведените предвремени парламентарни избори, ќе остане во опозиција и ќе ја „предизвикува десното малцинската влада“.

Тој ја критикуваше кампањата на Нетанјаху, нагласувајќи дека имало многу расизам во неа и била базирана на „лаги, непријателство и поттикнување на страв“.

Во последен момент, за да добие поголема поддршка на изборите, Нетанјаху изјавил дека Арапите биле натерани да гласаат масовно и дека се закануваат со управување на неговата партија „Ликуд“.

Белата куќа и израелските Арапи го обвинија Нетанјаху за расизам.

Според резултатите од изборите „Ликуд“ добива 30 места во 120-члениот Кнесетот. „Ционистичката унија“ е втора со 24 мандати. Останатите партии кои влегуваат во парламентот, се: „Обединети Арапски листови“ со 13 места; „Иеш Атид“ со 11 места; „Кулану“ со 10 места; „Еврејски дом“ со 8 места; „Шас“ со 7 места; „Нашиот дом Израел“ и „Рхадут Хатор“ завземале по 6 места, а „Мерец“ со 5 места.

Дасноцентристите имаат најголема шанса за формирање на влада. Нетанјаху веќе им најавил на неколку лидери на партии за отпочнување на консултации.

Рекорден број жени влегуваат во парламентот - 28. Исто така има поголем број Арапи - 17. Одзивот е 72,3%, што е највисок од 1999 година, кога беше 78,7%.

Можеби ќе ве интересира

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?