17 Декември, 2025
0.0993

Опозицијата во Русија размислува за нови протести

Објавено во: Свет 06 Март, 2015 10:30

Добивај вести на Viber

Маршот наречен „Пролет“ на руската опозиција, кој беше закажан за 1 март во Москва, е одложен поради жалост со поворка во спомен на убиениот опозиционер Борис Немцов, сепак може да се одржи со задоцнување. Тоа го изјави Сергеј Давидис од раководството на партијата „5 декември“, соопштуваат од  „Независна газета“. Политичките и социо-економските околности во Русија, за промена на кои инсистира „Пролет“, се'уште се факт и дури се изострија по убиството на Немцов, појаснува весникот Давидис. Но пред да се направи нова манифестација, треба да заврши 15-дневниот притвор за неовластениот протест на Алексеј Навални, чија фигура според многумина во руската опозиција треба конечно да стане водечка за целото протестно движење, смета активистот. Партијата на Немцов РПР-ПАРНАС засега не ја коментира можноста за нов протест „Пролет“ и објавила мораториум за секакви масовни манифестации, додека не поминат 40 дена од смртта на нејзиниот водач кој беше убиен на 27 февруари во Москва, наведува Константин Мерзликин од партиското раководство. Дури и ако е потребно да се организира нова протестна акција, таа треба да е со друг формат и задолжително во врска со некој настан, вели Дмитриј Краинев, правник на руската Партија на прогресот. „Независна газета“ го дели ова мислење и дава примери за ваков повод: евентуални прекршувања на Минскиот  договор за примирје во Украина, нови санкции - сè што би можело да го зајакне протестот. Друго прашање е колку луѓе ќе излезат на улица. Според Дмитриј Краинев сите претходни организатори на „Пролет“, вклучувајќи го и Михаил Ходорковски - поранешниот олигарх, денес опозиционер, може да поддржат со нови демонстрации, но треба опозициските сили да се сплотени околу некоја јасна идеја. Опозиционерите може да побараат од рускиот претседател Владимир Путин дозвола да ја набљудуваат истрагата за убиството на Борис Немцов, пишува „Ведомости“, повикувајќи се на поранешниот пратеник Генадиј Гудков. „Предложивме создавање на контакт група, која редовно ќе разговара со раководството на истражниот комитет за дискусии во текот на истрагата, бидејќи се плашиме за судбината и сакаме истрагата да биде објективна“, изјавил Гудков.    

Можеби ќе ве интересира

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки