05 Декември, 2025
0.0343

ОПШТ РАБОТНИК, ХИГИЕНИЧАРИ, НО И ПРОГРАМЕРИ И ГРАДЕЖНИ ИНЖЕНЕРИ – еве кои професии ќе бидат најбарани

Објавено во: Економија 17 Септември, 2025 07:43

Добивај вести на Viber

Компаниите ќе вработуваат општи работници, чистачки, келнери, магационери, возачи, ама и програмери и инженери. Последната анкета на Агенцијата за вработување открива дека годинава компаниите треба да вработат над 13 илјади граѓани.

- Во однос на  потребата од работна сила, речиси 50 отсто од анкетираните работодавачи, се изјасниле дека имаат потреба од вработување на нови лица. Нивните очекувања се дека во 2025 година ќе реализираат 13.874 вработувања – се посочува во годишниот извештај на Агенцијата. 

Но, зачудува податокот дека ќе се бараат најмногу работници со ниско образование. Имено, од вкупно 13.874 очекувани вработувања,  4.228 или 30,5 отсто ќе бидат за лица со завршено основно образование, додека 6.011 вработувања или 43,3 проценти ќе бидат за лица со средно образование. Потоа се планира вработување на 2.291 лица или 16,5 проценти кои имаат разни  програми на средно и вишо образование, освен универзитетско. Додека само 1.337 вработувања или 9,6 отсто се очекуваат да бидат за лица со програми на додипломско и постдипломско универзитетско образование.

Кај малите компании би требало да се вработат 3.627 граѓани или 26,2 отсто, кај средните по големина работодавачи се очекуваат 4.590 вработувања или 33,1 проценти, додека кај големите работодавачи се очекуваат да се реализираат 5.657 вработувања или 40,7 отсто.

-  Најголем број вработувања се очекуваат во преработувачката индустрија 6.687 или 48,2 отсто, потоа во трговијата на големо и трговијата на мало, каде се очекуваат 1.867 вработувања или 13,5 отсто од планираните вработувања, како и во дејноста административни и помошни услужни дејности, каде се очекуваат 1.363 вработувања или 9,8 проценти од планираните вработувања – се укажува во извештајот.

Очекувањата се оваа година со основно образование да се бараат најмногу општи работници, работник за едноставни работи на производствена линија, хигиеничар на станбен и деловен простор, дистрибутер во малопродажба, работник за едноставни работи, рачен пакувач, помошник во кујна, пеглач на алишта,  хигиеничар на работни простории,  работник на едноставни дрвопреработувачки работи, собарки, работник во одржување и други.

Меѓу работните позиции со средно образование најбарани ќе бидат продавач, шивач, магационер, келнер, градежен работник, обезбедувач, бравар, шивач, готвач, подготвувач на тутун за обработка, возачи, ракувач со градежни машини, касиер, пекар, електричар за одржување, заварувач, месар, шанкер, ѕидар, диспечер во патен сообраќај, расадничар, оператор за внес на податоци, работник на бензиска пумпа, угостителски работник, административен службеник, сервисер на прецизни направи и опрема, автомеханичар, столар, слатакар, молер и други.

Меѓу работните вештини стекнати со средно и вишо образование ќе се бараат администратори, оператор за машиско одржување, систем оператор, електромашински техничар, медицинска сестра, електротехничар, техничар-оператор, комерцијалист, машински техничар, оператор на опрема за дијализа, градежен техничар, референт за продажба, техничар електроничар, техничар во прехрамбена индустрија, фармацевтски техничар и други.

Со завршено високо образование први на листата се програмерите како најбарани, па маркетинг агент, економист, градежен инженер, машински инженер, фармацевт, сметководител, менаџер, архитект, правник, доктор, информатичар, инженер по геодезија, електроинженер-проектант, инженер за елктортехнички производи, физиотерапевт, хемичар, електроинженер за автоматика, соработник за информатичка поддршка и други.

П.О.

Фото: Принтскрин/Фејсбук

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...

Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата

ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата

РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија

РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија

ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје

ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје