ОПШТИНА АЕРОДРОМ ПОДНЕСЕ КРИВИЧНА ПРИЈАВА ПРОТИВ ЈП „КОМУНАЛНА ХИГИЕНА“ ЗА ЗАГРОЗУВАЊЕ НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА: „Се извинуваме на сите жители“
Објавено во: Македонија 26 Септември, 2025 10:12
Општина Аеродром поднесе кривична пријава против ЈП Комунална хигиена и до ОЈО за загрозување на животната средина.

Како што информираат од општината, загрозено било здравјето на жителите на општината.
Комуналните работници во општината за три дена успеале да соберат 24 тони комунален отпад или над 170 метри кубни отпад од домаќинствата во Аеродром, работа која градското комунално претпријатие не ја извршило.
„Сепак, свесни сме дека поради оваа вонредна ситуација можеби беа запоставени редовните активности: чистење на плочници, тротоари и сервисни улици, косење, гребење и уредување на зеленилото, празнење на кантите за џебен отпад, собирање на лисја, гранки и на неколку места и кабаст отпад. Се извинуваме на сите жители за непријатностите и бараме разбирање. За целата состојба поднесовме и кривична пријава до МВР и Основното јавно обвинителство за загрозување на животната средина. Ова не е само прашање на отпад, ова е прашање на достоинство, здравје и иднина“, велат општинските власти.
Можеби ќе ве интересира
УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата
МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење
СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема
УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето
Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје
Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив
Левица: Ќе доставиме докази против Томовски во Антикорупциска
Игор Ивановски и Андреј Петров отвораат фронт за преземање на СДСМ?
ВМРО-ДПМНЕ: Државниот ревизор потврди дека Груби прикрил 2 милиони евра од Лотарија




