Добивај вести на Viber
Претставници од сите општини од Скопскиот плански регион беа дел од денешната обука за стратешко планирање на општините. Првата обука ја отвори заменик министерот за локална самоуправа Сашо Лазаревски.
- Стратешкото планирање е корисен инструмент кој овозможува јасно дефинирање на приоритетите и целите, утврдување на значајни прашања кои се во интерес на граѓаните, како и утврдување на соодветни активности кои ќе ги решат тие прашања со искористување на што помал број буџетски средства, појасни Лазаревски.
Со изработката на овој документ, додаде тој, се исполнува и едно од барањата на Европската комисија во насока на зајакнување на квалитетот на стратешкото планирање во централните и локалните институции.
- Дополнително Владата ќе има унифицирани стратешки планови за сите општини и секако подетален увид врз активностите кои ги спроведуваат општините и средствата кои се трошат за таа намена. На овој начин сериозно ќе се подобри системот на транспарентност и отчетност во нашите општини што претставува чекор напред, смета Лазаревски.