08 Декември, 2025
0.0261

ОПШТОКОРИСНА РАБОТА КАКО САНКЦИЈА: Словенците ги упатуваат прекршителите да работат на комунални или хуманитарни активности

Објавено во: Балкан 26 Февруари, 2025 07:38

Добивај вести на Viber

Во Словенија функционира системот за општокорисна работа како начин на санкционирање на луѓето кои не ги почитувале законите и сториле одредени прекршоци. Тие се упатуваат на хуманитарни или комунални активности во корист на заедницата.

Од словенечката Управа за пробација при Министерство за правда за Фактор велат дека кај нив многу ретко или скоро и да не се случуваат настани како тој во Скопје, каде млади лица кршеа урбана опрема и сега се бара начин преку општокорисна работа да надоместат за штетата, но и во иднина, другите да не се решат да го направат истото.

„Во 2024 година Управата за пробација извршила 2.270  задачи, од кои 1.874 се за работа од општ интерес. Од нив 906 од наредбите биле за општокорисна работа со заштитен надзор“, објаснуваат од словенечкaта Управа за пробација.

Велат дека  задачите се извршуваат само за возрасни, а за малолетни лица, се одговорни Центрите за социјална работа, вклучително и за општественокорисна работа. Додаваат дека кога судот ќе нареди општокорисна работа наместо затвор или парична казна, тој секогаш мора исто така да наложи и  заштитен надзор кој опфаќа помош, надзор и заштита и може исто така да наметнете една од следните девет упатства: 1) лекување во соодветна здравствена установа, вклучувајќи, со согласност, лекување од алкохол или зависност од дрога; 2) присуство во соодветно стручно, психолошко или друго советувалиште; 3. оспособување за професија или прифаќање на вработување соодветно на здравјето на осудениот; способности и склоности; 4) користење на приходите во согласност со обврските за одржување; 5) забрана за здружување со одредени лица; 6. забрана за директен или индиректен контакт со едно или повеќе наведени лица, вклучително и од електронски средства за комуникација; 7) забрана за приближување кон жртвата или кое било друго лице; 8) забрана за пристап до одредени места; 9. вклучување во една или повеќе услуги за социјална заштита на центарот.

„Лицата вршат општокорисна работа во организација (на пр. локална власт, невладини организации, непрофитни организации) со кои соработува Одборот за пробација со договор. Во моментов имаме 916 договори. За секое лице има конкретен давател, се склучува и тристрана спогодба потпишана од надлежната единица, давателот и лицето упатено кај тој давател. Давател каде што едно лице врши општокорисна работа може да биде секое правно лице во Република Словенија кое врши хуманитарни или комунални активности, активности од областа на заштитата на природата или други активности од јавен интерес, под услов да не врши такви активности само со цел остварување профит“, додаваат од словенечката Управа за пробација.

Во земјава, Центар е првата општина што покрена иницијатива малолетниците што вандализираат на јавни површини да вршат општокорисна работа. Со овој проблем се соочуваат сите општини во државата, но од оваа општина доставија иницијатива до ЗЕЛС која беше едногласно прифатена. Слични проблеми има и во другите општини во државата. Се очекува во најскоро време, оваа инцијатива да биде преточена во закон.

Сања Атанасовска

foto freepik.com/prostooleh

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) Лудиот план на Кина на Балканот: Пробивање канал низ Србија и Македонија

(ВИДЕО) Лудиот план на Кина на Балканот: Пробивање канал низ Србија и Македонија

Планирате да одите во Грција, но се мислите поради блокадите: Еве како да стигнете до таму без пречки!

Планирате да одите во Грција, но се мислите поради блокадите: Еве како да стигнете до таму без пречки!

(ВИДЕО) КАКО ИЗГЛЕДААТ БЛОКАДИТЕ НА ГРЧКИТЕ ЗЕМЈОДЕЛЦИ: Денеска Солун остана и без такси

(ВИДЕО) КАКО ИЗГЛЕДААТ БЛОКАДИТЕ НА ГРЧКИТЕ ЗЕМЈОДЕЛЦИ: Денеска Солун остана и без такси

Шекеринска: НАТО внимателно го следи руското хибридно мешање на Балканот

Шекеринска: НАТО внимателно го следи руското хибридно мешање на Балканот

Хорор во Чачак: Ги исекол грлата на родителита, па се избодел и си ги пресекол вените

Хорор во Чачак: Ги исекол грлата на родителита, па се избодел и си ги пресекол вените

Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење

Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење

„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени

„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени

ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска

ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска

Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија

Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија