Орбан го призна специјалниот третман на Груевски
Објавено во: Македонија 15 Ноември, 2018 06:40
Како меѓународен скандал го квалификуваат унгарските медиуми специјалниот третман на барањето за азил во Унгарија на поранешниот премиер на Македонија, Никола Груевски. За тамошните критички настроени гласила скандалозно е и тоа што Петер Сијарто, министерот за надворешни работи, не може да каже како Груевски пристигнал во Будимпешта без пасош.
Според соопштението од кабинетот на премиерот Виктор Орбан „Никола Груевски поднел барање за азил до надлежниот унгарски орган. Поранешниот премиер на Македонија дал изјава дека има намера да поднесе барање за статус на бегалец во Унгарија“
Унгарските медиуми се прашуваат како странски државјанин осуден на двегодишна затворска казна поминува низ границата на нивната држава без пасош.
„Унгарските власти го направија тоа од безбедносни причини, со оглед на фактот дека Никола Груевски беше премиер на неговата земја 10 години, да му биде овозможено во Канцеларијата за имиграција и државјанство во центарот на Будимпешта да поднесе барање за азил. Канцеларијата за имиграција и државјанство ја спроведува постапката за азил во согласност со унгарското право и меѓународното право", се вели во образложението.
Според Хелсиншкиот комитет, ако Груевски навистина нема пасош, треба да чека во транзитната зона.
Од штабот за односи со јавност на премиерот Виктор Орбан нагласиле дека ова е чисто правно прашање:
"Македонија е стратешки партнер и важен сојузник на Унгарија. Добрата соработка меѓу двете земји е важен камен темелник за развојот на балканскиот регион и безбедноста на Европа. Партнер на Унгарија во меѓувладините односи е и актуелната македонска влада, така што ние немаме намера да интервенираме во внатрешните работи на суверените земји на кој било начин, а апликацијата за азил на поранешниот македонски премиер ја сметаме само за правно прашање. Понатамошни детали за постапката за азил ќе бидат обезбедени од страна на унгарските власти, во согласност со унгарскиот закон, се додека постапката не заврши. "
Поранешниот македонски премиер во вторникот објави дека е во Будимпешта и дека побарал азил во Унгарија. Причината за ова биле смртните закани во последниве неколку дена и стравувањето за својот живот.
Останува неразјаснето на кој начин успеал да пристигне во Унгарија под такви околности.
Можеби ќе ве интересира
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината
Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица
Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП
АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила
„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата




