Орбан: Христијанството во Европа е под закана
Објавено во: Свет 24 Декември, 2017
Пред Европа годинава е ставена историска задача, а тоа е одбрана на христијанската култура, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан, премиерот на Унгарија, смета дека христијанството во Европа е под закана и мора да биде заштитено што ќе биде најголем предизвик наредната и годините кои престојат. Тој во божиќното интервју за „Маџар идок“ истакна дека Унгарците имаат право да се сметаат себе си за христијанска нација.
„Ние Европејците, и да признаеме и да не признаеме, свесни за тоа или не, живееме во култура изградена на Христовото учење. Факт е дека сме христијани и нашата вера не сочувала нас во средиштето на Европа повеќе од илјада години“ нагласи Орбан.
„Многумина се обидуваат да не критикуваат кога ќе слушнат дека луѓето кои се претставуваат како христијани, не им дозволуваат на луѓето од другите делови на светот да имигрираат во Европа“ додава унгарскиот премиер.
Според него, христијанската култура ги дефинира секојдневните вредности на Европејците, начинот на кој гледаат на правдата и на неправдата, односот меѓу мажот и жената, семејството, успехот, работата и честа.
Без разлика дали одиме во црква или не, не сакаме да мораме да славиме Божиќ со спуштени завеси за да не навредиме нечии чувства“ посочи Орбан.