Орбан сее раздор во ЕУ од соработката со Путин
Објавено во: Свет 19 Февруари, 2015 19:57
Еден од најблиските политички сојузници на унгарскиот премиер Виктор Орбан, лидерот на опозиционата конзервативна десница и поранешен премиер на Полска Јарослав Качински одбил денеска демонстративно да се сретне со Орбан во Варшава, поради како што порачал, разбивање на солидарноста во Европа.
Орбан остро го критикувале и поранешните претседатели на Полска Лех Валенс и Александар Квашњевски, порачувајќи му дека сее раздор во Европската унија со соработката со Русија, чиј претседател Путин во вторникот престојувал во Будимпешта.
Качински кој на полските избори на разни нивоа работеше во корист на паролата дека „во Варшава е потребно повеќе отколку во Будимпешта“, одбил сега и на кратко да се сретне со Орбан кој денеска е во посета на Варшава на прослава на 25 годишнината од Полската економска комора.
Унгарскиот премиер ја руши солидарноста во Европа (во прашање на Украина) - им објаснил на новинарите пратеникот на партијата Право и Правда Маријуш Блашчак која ја води Качински.
-Однесувањето на Виктор Орабан е несфатливо и ја дели Европа. Премиерката Ева Копач би требало јасно да го изрази одбивањето на ваквото однесување - рекол поранешниот претседател Лех Валенс.
„Ева му е должна на Орбан да му објасни колку е важно европското единство. Ако нема единство, Украина ќе биде поразена а ќе и нанесеме штета на иднината на ЕУ“, истакнал поранешниот полски претседател Александар Квашњевски
Шефот на полската дипломатија и Шетин и претседателот на Полска Броњислав Коморовски изразиле извесно разбирање за повик и разговори со Путин во Будимпешта пред посетата на Орбан на Варшава, иако на Унхарија и било исклучително важно да ја ревидира спогодбата за гасот од Русија, кој според зборовите на Путин бил исклучително неповолен за Унгарците.
И Шетин и Коморовски предупредиле дека од реториката е важна реалната конкретна политика а дека рука Унгарија ги почитува европските санкции.
Канцеларјата на полската премиерка денеска предупредила дека е суеверно правото на Унгарија да води своја политика и да го повикува претседателот на Русија во Посета, и дека премиерката може само учтивно да сослуша како поминала посетата.
Можеби ќе ве интересира
Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација
Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина
Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела
Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва
Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина
Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел




