Организацијата на целодневната настава е во надлежност на училиштата: Општина Центар е целосно подготвена
Објавено во: Македонија 01 Октомври, 2020
За одлуката за целодневната настава што завчера ја донесе Владата веќе се информирани училиштата, потенцираше утринава министерката за образование и наука, Мила Царовска, додавајќи дека градоиначалниците по службена должност ја имаат дсобиено од страна на Владата и Министерството за образование
-Сега тие прават подготовки, зошто училиштата самите треба да ја направат организацијата за целодневната настава и тоа е во нивна надлежност. Министертвото не дава дополнителни инструкции по ова прашање. Секое од училиштата на начинот на кој мисли дека е најсоодветен заедно со родителите ќе донесе одлука, истакна министерката Царовска.
Инаку, Владата одобри целодневна настава во училиштата на барање на голем број родители кои не смеат да отсуствуваат од работа. Во соопштението е наведено дека е одобрена организацијата на продолжен престој на учениците во основните училишта за одделенијата кои ќе започнат настава со физичко присуство, со препорака продолжениот престој да се организира и реализира со ученици од иста паралелка и од исто одделение, без мешање на различни паралелки и одделенија.
Од скопските општини со кои контактираше Фактор, непречена целодневна настава може да организираат оссновните училишта во Општина Цента, каде што има осум основни училишта, кои во редовни услови работат во една смена, односно:
од прво до трето одделение со продолжен
престој (целодневна настава) од 08:00 до 15:00 часот и дежурства до 17:00
часот четврто и петто одделение редовна настава
од 08:00 часот, со можност за продолжен престој во мешани групи (дневен
престој) до 16:00 часот од шесто до деветто одделение редовна
настава од 08:00 до 13:15 часот. -Имајќи предвид дека учебната 2020-2021
година ја започнуваме во специфични услови во кои настава со физичко присуство
е предвидена само за учениците од прво до трето одделение, констатирано е дека училиштата
во Општина Центар имаат соодветни просторни услови за да реализираат
продолжен престој во иста група ученици од едно одделение (целодневна настава). Секое училиште во Општината, во просек, има
по три паралелки од едно одделение (1а, 1б и 1в....). Имајќи предвид дека во текот
на анкетите повеќе од 80% од родителите на овие ученици се изјаснија за настава
со физичко присуство за своите деца, сите одделенија се поделени во
две групи, во согласност со здравствените протоколи за максимум 20 деца во
група (1а-1 и 1а-2, 1б-1 и 1б-2, 1в-1 и 1в-2....). Со ова се дуплира бројот на
потребни простории за реализација на наставата, односно наместо девет училници
(3 одделенија*3 паралелки), потребни се 18 училници (3 одделенија*3 паралелки*2
групи). Училиштата го поседуваат овој капацитет на училници и просторно може да
се реализира наставата, велат за Фактор од Општина Центар. Истовремено потенцираат дека во однос на вработени/наставници, за секоја
паралелка со целодневна настава има две наставнички. Тоа значи дека за секоја
група има една наставничка, која би требало со учениците да минува цел ден настава
(07:30-16:30), односно повеќе од 8 часа работно време. -За да се намали оптоварувањето
на овие наставници, во наставата со физичко присуство се вклучени и
наставниците од дневен престој од повисоките одделенија (четврто и петто),
педагогот и психологот, повторно во согласност со протоколите за немешање на
групите. Во некои училишта, според нашите пресметки, треба да се ангажираат и
нови наставници. Тука секако треба да имаме предвид дека дел од учениците (пет-шест
во одделение) се пријавени и за онлајн настава, така што се потребни и наставници
и за реализација на оваа настава, информираат од општината. Исто така, како што ни посочија, четири училишта од Општина Центар побарале од
надлежното Министерство дозвола
за настава со физичко присуство и за погорните одделенија, особено за
шесто одделение, кога учениците влегуваат во предметна настава. -Овие училишта
направија целосна процена на просторните и на кадровските капацитети, како и
распоред за работа во мали групи во две смени. Ова барање не беше прифатено од
надлежното Министерство, така што сега сите наши училишта ќе реализираат
настава со физичко присуство до трето одделение и онлајн настава од четврто до
деветто, велат од Општина центар. Во врска со онлајн наставата Општина
Центар: - во моментов поставува оптички
интернет со брзина од 100 Mbs во сите свои училишта и - дава можност за поставување на
Националната платформа за онлајн учење на општинскиот сервер за да се намали
оптоварувањето. Анита Буховски
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.