10 Декември, 2024
0.0279

OРГАНСКИТЕ ПРОИЗВОДИ СЕ ПОВКУСНИ И СО ИНТЕНЗИВЕН МИРИС: Како да ги препознаеме на пазарите?

Објавено во: Македонија 19 Септември, 2024

Добивај вести на Viber

Во последниве години, многу се говори за органското производство на храна и какви бенефити има од употребата на вакви производи.

Но, многу граѓани како лаици не се во состојба на пазарите да препознаат дали одреден производ е органски или не. Филип Димкоски, дипломиран агроном кој се занимава со органско производство, објаснува кои се разликите и како да препознаеме органска храна.

„Во последно време многу често се користи поимот органско производство или органски производи. Но, што точно опфаќа тој поим!? Станува збор за земјоделско производство, кое е поблиско до природата и се реализира без хемиска прихрана и без хемиска заштита. Во однос на производството, се вели: конвенционалното производство ги храни растенијата, а органското производство ја храни почвата. Органски производ се разликува, од производот кој е конвенционално произведен според хемискиот состав и според нутритивните вредности. Има лабораториски испитувања кои покажуваат дека органски произведените земјоделски производи содржат неколку пати повеќе витамини и минерали во однос на конвенционалното производство. Визуелно органските производи можат да имаат дамки како резултат на болести што ги преживеале или штетници кои ги нападнале, можат да бидат помали, но сите тие напади од болести и штетници, кои го напаѓаат растението, но благодарение на органската заштита, не го уништуваат, на крајниот плод му даваат силен имунитет. Здравиот плод, ќе му даде здравје на оној што го јаде. Несомнено и неспорно органски произведениот производ е повкусен, со поинтензивен мирис, и поавтентични органолептички својства особено ако станува збор за земјоделски производи од автохтони и одомаќинети сорти“, објаснува Димкоски.

Тој додава дека е многу посложен процесот на органско производство, а тоа значи дека производителот на органски производи се соочува со многу повеќе потешкотии, предизвици, а заради тоа им е потребна поголема едукација.

„Постојат повеќе начини на производство на храна. Постои конвенционален начин кој опфаќа користење на хемиски средства за заштита, хемиски препарати за ѓубрење и прихрана и обработка на почвата со тешка механизација. Органското производство значи користење органски произведено семе, нетретирана почва со хемиски средства, користење на органски агротехнички методи, органски средства за заштита и органска прихрана. Понатаму, постои пермакултурен начин на земјоделско производство кој се труди да го преслика функционирањето на природата во култивирани услови. Потоа, тука се и слични и сродни начини како бидинамичкото производство. Интегрираната заштита пак ги минимизира хемиските третирања, но ги користи како крајна опција откако ќе се искористат сите еколошки куративни методи. Лично јас комбинирам дел од овие пристапи, градејќи сопствен модел на градинарско, лозарско и овоштарско производство, тотално лишено од хемиски третмани за заштита и прихрана. Значи станува збор за еколошки пристап, со минимална обработка на почвата со механизација, користам органски агротехнички методи, органски препарати по потреба, а најголем дел препарати самостојно ги правам. За овој пристап е потребно многу време, постојано дообразување, истражување и голем физички напор како и максимална посветеност во набљудувањето на природните процеси“, вели Димкоски.

Според податоците на Државниот завод за статистика(ДЗС) во 2023 година, во Македонија органски се произведени 872 тони зеленчук.  Кај овошјето количините на органско производство лани изнесувале 1.602 тони.

Сања Атанасовска

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

Агелер: Не ги споделуваме доказите за Груби и Беџети, но македонските власти може да ги најдат

Агелер: Не ги споделуваме доказите за Груби и Беџети, но македонските власти може да ги најдат

Мицкоски: Васко Ковачевски е избеган, но ќе го обезбедиме

Мицкоски: Васко Ковачевски е избеган, но ќе го обезбедиме

Екс-директорот на ЕСМ,Васко Ковачевски, избегал од земјата

Екс-директорот на ЕСМ,Васко Ковачевски, избегал од земјата

МАКЕДОНЕЦ ПОЧИНА ВО БУГАРИЈА: Бил на одмор со семејството

МАКЕДОНЕЦ ПОЧИНА ВО БУГАРИЈА: Бил на одмор со семејството

СЕ ОГЛАСИ ДУИ ЗА ТОА ШТО АРТАН Е НА ЦРНА ЛИСТА НА САД: „Ја почитуваме одлуката на Стејт Департментот“

СЕ ОГЛАСИ ДУИ ЗА ТОА ШТО АРТАН Е НА ЦРНА ЛИСТА НА САД: „Ја почитуваме одлуката на Стејт Департментот“

УАПСЕН ЕКС ДИРЕКТОРОТ НА ЕСМ ВАСКО КОВАЧЕВСКИ: Голема акција на МВР, 29 лица се уапсени

УАПСЕН ЕКС ДИРЕКТОРОТ НА ЕСМ ВАСКО КОВАЧЕВСКИ: Голема акција на МВР, 29 лица се уапсени

СЕЛА ГО ПОВИКА ГРУБИ ДА СЕ ПОВЛЕЧЕ ОД ПОЛИТИКА: „Апострофираните да се повлечат од јавниот живот и да се соочат со обвиненијата“

СЕЛА ГО ПОВИКА ГРУБИ ДА СЕ ПОВЛЕЧЕ ОД ПОЛИТИКА: „Апострофираните да се повлечат од јавниот живот и да се соочат со обвиненијата“

И ЌОСЕТО СО КОМЕНТАР ЗА ГРУБИ: „Затворско кодно име Артан нежни“

И ЌОСЕТО СО КОМЕНТАР ЗА ГРУБИ: „Затворско кодно име Артан нежни“

„НАДВОРЕШНО Е СИМПАТИЧНА, МЕЃУТОА Е РАЗМАЗЕНА И НЕОДГОВОРНА“: Советникот во град Скопје, д-р Пановски ја опиша градоначалничката Данела

„НАДВОРЕШНО Е СИМПАТИЧНА, МЕЃУТОА Е РАЗМАЗЕНА И НЕОДГОВОРНА“: Советникот во град Скопје, д-р Пановски ја опиша градоначалничката Данела