05 Декември, 2025
0.0307

Орка холдинг, Тим и Езимит нови газди на Бетон-Штип

Објавено во: Македонија 02 Октомври, 2012 13:15

Добивај вести на Viber

Штипски „Бетон“ доби нови газди. Во изминатите две седмици 51,2% од акциите купија друштвото за градежништво „Тим“ (20,4%), штипската винарска визба „Езимит“ (15,8%)  и „Орка Холдинг“ (15%). Новите сопственици се веќе впишани во централниот депозитар. Меѓу оние кои ги продадоа своите удели во овие трансакции се Илија Бреслиски, генерален директор на „Бетон Штип“ кој поседуваше 20% од компанијата и хрватскиот приватен инвестициски фонд „НФД Ауреус“ (18,3%). Купопродажбата на акциите се изврши преку три блок трансакции на Македонската берза. Единечната цена на акциите при продажбата беше 1.620 денари, 2.000 и 3.000 денари, а вкупната сума достигнува околу 755.000 евра. Нема обврска да се даде јавна  понуда за преземање на слободните акции бидејќи ниту еден од новите сопственици поединечно нема удел поголем од 25%. „Бетон Штип“ има 190 вработени и беше ангажирана на неколку објекти од проектот „Скопје 2014“, меѓу кои Стариот театар и Музејот „Македонска борба“. Првата половина на 2012 година ја заврши со добивка од околу половина милион денари, со побарувања во висина од 1,8 милион евра и со обврски од 2,1 милиони евра.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) ЈОРДАНОВ СЕ ПОФАЛИ: Еве како новогодишно го украси Штип

(ВИДЕО) ЈОРДАНОВ СЕ ПОФАЛИ: Еве како новогодишно го украси Штип

УТРЕ ДА ГИ ВНЕСЕМЕ БУГАРИТЕ ВО УСТАВ, ПРАШАЊЕ Е ДАЛИ ЗА 3,6 ИЛИ 9 МЕСЕЦИ ЌЕ ИМАМЕ НОВ УСЛОВ: Мицкоски за уставните измени

УТРЕ ДА ГИ ВНЕСЕМЕ БУГАРИТЕ ВО УСТАВ, ПРАШАЊЕ Е ДАЛИ ЗА 3,6 ИЛИ 9 МЕСЕЦИ ЌЕ ИМАМЕ НОВ УСЛОВ: Мицкоски за уставните измени

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Одбраната на поранешните градоначалници Папазов и Илијев тврди дека немале никаква надлежност и одговорност за „Пулс“

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Одбраната на поранешните градоначалници Папазов и Илијев тврди дека немале никаква надлежност и одговорност за „Пулс“

CNN ЗА МАКЕДОНИЈА: Постои една прекрасна јужноевропска земја со вкусна храна и одлично вино

CNN ЗА МАКЕДОНИЈА: Постои една прекрасна јужноевропска земја со вкусна храна и одлично вино

(ВИДЕО) Пожар изби во Старата скопска чаршија

(ВИДЕО) Пожар изби во Старата скопска чаршија

Телото на Миле Тодоров било пронајдено пред половина месец

Телото на Миле Тодоров било пронајдено пред половина месец

УХМР за утре сподели „жолт хидроаларм“ - каде се можни излевања?

УХМР за утре сподели „жолт хидроаларм“ - каде се можни излевања?

ТАЖЕН КРАЈ: Исчезнатот Миле Тодоров од Неготино е најден починат

ТАЖЕН КРАЈ: Исчезнатот Миле Тодоров од Неготино е најден починат

Костадинов ги отфрла наводите во кривичната пријава: „Стојам на располагање на надлежните“

Костадинов ги отфрла наводите во кривичната пријава: „Стојам на располагање на надлежните“