19 Декември, 2025
0.0634

ОШТЕТУВАЊЕТО НА ЦРНИОТ ДРОБ КАЈ ДЕЦАТА Е 10 ДО 20 ПОГОЛЕМА: Родителите будно да ги следат симптомите-за мистериозниот хепатитис, д-р Андоновски

Објавено во: Македонија 07 Мај, 2022 12:17

Добивај вести на Viber

Новиот Хепатитис е проблем кој се јави во целиот свет помеѓу детската популација  и предизвика голема загриженост кај здравствените експерти.

Главна вест во педијатриските кругови на глобално ниво е веста за појавата на Хепатитис од непознат тип кој доведува до таква силна инфламација на хепарното ткиво што дури во некој случаи на таква афункционалност е потребно да и се наложи и трансплантација на хепар кај тоа заболено дете, потенцира за Фактор, д-р Ангелчо Андоновски, специјалист педијатар, и додава дека за акутен хепатитис не се дава специфична терапија, туку се лекува симптоматски.

-Силната загриженост на експертите се изрази најмногу во моментот кога фреквенцијата на забележано оштетување на црниот дроб кај оваа болест е 10 до 20 пати поголема од очекуваната за децата. Вкупниот број на пациенти на почетокот на мај беше околу 200 пациенти, во целиот свет но, на секој десетти регистриран пациент му требаше нов црн дроб.  Мора да се каже дека сеуште е рано да се говори за точниот предизвикувач а и за точни научни податоци и статистики. Севкупната научна јавност се уште не може да се потврди  дека се работи за ново заболување бидејќи недостасуваат одредени специфицирани  анализи. Ова е ново заболување во светот и  затоа мора да бидеме многу внимателни., вели д-р Андоновски.

Смета дека место за паника сеуште не постои и не треба да има токму поради периодот кој го поминавме и со Ковид 19  епидемијата и со пост ковид последиците .

-Доколку родителите забележат дека детето е слабо, нема апетит, има одредена слабост  и пројавува изразено жолтило на целата кожа мора првично  да направат биохемиски анализи и да се јават на лекар. Зголемената активност на серумските аминотрансферази (AST и ALT), 10 до 15 пати, значи акутен хепатитис. Родителите во овој период, но и во иднина, мора да внимаваат и да не ги игнорираат овие симптомите кај децата. Сепак, вирусниот хепатитис е често асимптоматски, но не и овој тип. Сигурно е дека постојано ќе се потковуваме со нови научни докази и ќе се следи будно оваа нова состојба поготово заради тоа што станува збор за нашите деца. Добро е да се знае однапред дека повторно мора да се обрати големо влијание на одржување на хигиената, а и да се проверат сите податоци во врска со податокот околу имнуизацијата поготово кај децата кои и претходно имале проблеми со хепатална проблематика. Верувам дека сите будно ќе ја следат состојбата поготово здравствените власти за да навремено се реагира, вели д-р Андоновски за Фактор.

Анита Буховски


Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината