Ослободителна пресуда за Заев во „Поткуп'“
Објавено во: Македонија 21 Мај, 2018 12:32
Премиерот Зоран Заев е ослободен од вина во случајот „Поткуп“, пресуди Кривичниот суд Скопје. Според пресудата, обвинителството не успеало да докаже дека Заев сторил кривично дело примање поткуп.
- Очекуваме обвинителството да поднесе жалба, но правдата веќе излезе на виделина - искоментира Заев пред судот.
Заев претходно изјави дека не се чувствува виновен. На минатото рочиште Обвинителството го преквалификува обвинението за Заев со друг став за кој е предвидена поблага казна. Toj е обвинет за ветување дека ќе прими поткуп, за што е предвидена казна од 1 до 5 години затвор, а со старото обвинение беше обвинет за примање поткуп за што најниската казна беше 5 години.
Обвинителката Валентина Бислимовска на завршните зборови на 15 мај рече дека Заев не примил пари за поткуп. „Во истрагата и од исказот на сведокот Иван Николов, кој беше дециден дека не дал пари, а Зоран Заев не примил подарок, е утврдено дека таквата последица не настапила“, рече обвинителката.
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината




