ОСМАНИ БЛАГОДАРЕН: Еве што објави министерот за надворешни работи
Објавено во: Македонија 30 Ноември, 2023
Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска на Фејсбук им се заблагодари на сите шефови на делегации присутни на денешниот 30-ти Министерски совет на ОБСЕ.
- Не смееме да дозволиме механизмите на ОБСЕ, кои придонесуваат за подобрување на животот на многу луѓе, да останат неискористени поради нашата внатрешна неусогласеност. ОБСЕ е потребна за да го поттикне мултилатерализмот и да ја олесни соработката, за луѓето да живеат слободно. Затоа мора да одговориме на овој повик заедно, бидејќи тој не доаѓа од мене како актуелен Претседавач, туку од луѓето од регионот на ОБСЕ на кои им служиме, напиша Османи на неговиот фејсбук профил.
Додава дека му претставува особена чест што сме домаќини на 30-тиот Министерски совет на ОБСЕ и изразува надеж дека сите одговорно ќе пристапиме на тежината на моментот и заедно ќе разговараме за да обезбедиме иднина за ОБСЕ.
- На сите делегати и гости им посакувам успешна работа и смели одлуки, објави министерот Османи.