ОСМАНИ КАНДИДАТ НА ДУИ ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ - Ахмети: „Со Бујар го започнуваме најважниот референдум на нашето време“
Објавено во: Македонија 22 Февруари, 2024
Лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ) Али Ахмети во видео обраќање од седиштето на партијата во Мала Речица ги повика граѓаните да се обедини за најважниот референдум во ова време: „НЕ за Русија, ДА за Европа“ и да се избере претседател и потпретседател со 2/3 мнозинство од гласовите и со Бадентерово двојно мнозинство во Собранието.
Според Ахмети, отворањето на Уставот за прашањето за претседателот ќе овозможи реализација на договорот за добрососедство и продолжување на евроинтеграциите.
- Изборите кои се пред нас, парламентарните и претседателските, се од одлучувачка важност во ова битка. Затоа на овие избори одлучивме да побараме од Вас да останеме заедно, да се построите со нас за реализација на нашето барање (од 2016 и 2020) за уставни измена и избор на Претседателот и Заменик Претседател на државата во Собрание, вклучување на бугарската и другите заедници во Уставот и да и кажеме одлучно НЕ на Русија, и ДА на Европа. Пред Вас, давам одлучен завет дека ние нема да бидеме дел од ниту една влада која нема да го промени Уставот и ќе одиме во опозиција за да се бориме и да ги победиме екзистенцијалните закани за нашата земја, порача Ахмети.
Ахмети, исто така, информираше дека Бујар Османи, актуелниот министер за надворешни работи ќе биде кандидат за претседател од ДУИ.
- Бујар да ја води оваа промена што ја бараме и во нашите програми за 2016 и 2020 година. Бујар се докажа на внатрешна и меѓународна сцена и придонесе во битката против Русија и беше дел од промената на Уставот и почетокот на преговорите за членство во ЕУ. Со Бујар го започнуваме најважниот референдум на нашето време и следната битка за да ја добиеме Вашата доверба за да го избереме Претседателот во Собрание со двотретиско мнозинство и со Бадинтерово мнозинство, за да ја оствариме нашата визија за Консенсуален Претседател, рече Ахмети.
Инаку Османи е седми прeтседателски кандидат што ќе учествува на изборите, покрај Стево Пендаровски, Гордана Силјановска Давкова, Арбен Таравари, Стевчо Јакимовски, Вело Марковски, Билјана Ванковска, а се очекува вечерва свој кандидат да објави и ЗНАМ и тоа да биде Максим Димитриевски.
Досега најмногу претседателски кандидати на избори имало во 2009-та кога беа пријавени вкупно 7 кандидати.
На првите директни претседателски избори во 1994-та имаше само двајца кандидати, додека на последните во 2019-та имаше тројца кандидати од кои двајца (претседателот Пендаровски и Силјановска) повторно ќе се кандидираат на овие избори.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.