19 Декември, 2025
0.0422

ОСМАНИ НЕКА ЗБОРУВА ЗА ОПЕРАЦИИ И РЕНТГЕН НА АБДОМЕН, НЕ ЗА РАБОТИ ШТО НЕ ГИ РАЗБИРА: Тошковски прашува, „Како не му е срам?“

Објавено во: Македонија 23 Февруари, 2024 06:10

Добивај вести на Viber

Коментирајќи ја изјавата на шефот на дипломатијата Бујар Османи за лошата интепретација на документот, Панче Тошковски рече дека Османи не може да зборува за вакви работи, затоа што не ги разбира.  

„Човекот за операции нека зборува, нека зборува за рентген на абдомен, за тие работи може тој да разговара, не може разговара за ова и за тоа сме на ова дереџе на кое што сме…Не сакам да зборувам за правни аргументи. Она што го зборуваше Османи за член 18 од Уставот. Па тој нема право да зборува за член 18 од Уставот, тој не знае што пишува во членот и да го причита не знае да го разбере. Па не му е тоа работа нему, тој треба да оперира. Тој не треба да чита членови од Устав. Па како не му е срам. Сите експерти кои што разбираат уставно право излегоа кажаа луѓето. Доста со импровизации и со неписменост“,  рече Тошковски, алудирајќи на професијата на Османи, чија струка е лекар.

Според него, проблемот со пасошите може да се реши уште утре доколку пратениците ги поддржат законските измени за продолжување на важноста на пасошите со старото уставно име кои се валидни до крајот на годината.  

„Утре. Што сме денеска четврток. Ја ви гарантирам дека на 23 февруари, петок утре, наутро во 8 часот нека седнат пратенциите од СДСМ и ДУИ во Собрание, едно копче нека стиснат и состојбата се нормализира, граѓаните немаат мака“,рече Тошковски, одговарајќи на прашањето кога очекува да се реши проблемот со пасошите, во тв гостувањето на „Само интервју“ на Канал 5. 


Можеби ќе ве интересира

ДОАЃА ВИСТИНСКА ЗИМА: На повидок е спуштање на многу ладен воздух од Сибир

ДОАЃА ВИСТИНСКА ЗИМА: На повидок е спуштање на многу ладен воздух од Сибир

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните