Османи: Нема да се навраќаме на минатото, туку нашиот поглед е свртен кон иднината
Објавено во: Македонија 19 Јули, 2022 18:56
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи денеска во Брисел изјави дека го започнуваме патот за остварување на заедничката цел – полноправно членство во ЕУ.
Рече дека конечно зачекоруваме од нултата позиција и отсега од нас ќе зависи.
„Да ги мобилизираме нашите вредни административни ресурси и да не застанеме додека не ги исполниме потребните услови за влез во европското семејство, во кое цивилизациски, вредносно и културно припаѓаме со векови. Нашите преговарачки тим е подготвен и нестрпливо очекува да почне процесот на скрининг и подготовката на државните позиции и извештаи по секое од Поглавјата“, кажа Османи.
На граѓаните им порача дека нема да ги изневерат.
„Уште ја користам можноста на моите сограѓани и на сите службеници во администрацијата и во цивилното општество, кои деноноќно и макотрпно работеа за остварување на оваа стратешка цел, да им го честитам отворањето на преговорите и со заеднички сили, сплотени и со заслужена самодоверба да го изодиме патот до остварување на крајната цел“, додаде министерот.
Почна скринингот и Македонија го направи првиот чекор на патот кон ЕУ.фото Фејсбук
Можеби ќе ве интересира
МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците
Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет
Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето
Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?
Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски
Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски поднесе неотповиклива оставка
ИСКОПУВАЛЕ КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО, ЗАВРШИЈА ЗАД РЕШЕТКИ: МВР најде метални детектори и кутија со 43 златни и сребрени монети




