19 Декември, 2025
0.0542

Османи положи цвеќе на местото на грозоморниот инцидент: Заедно да работиме за безбедни училишта

Објавено во: Мои пари 25 Мај, 2023 13:11

Добивај вести на Viber

Училишните часови продолжија во основното училиште „Владислав Рибникар“ во
Белград , но тагата и шокот од трагедијата за прераната загуба на невините
животи покажуваат дека состојбата уште долго време нема да се врати во
нормала.

Местото на трагедијата во белградски Врачар, денеска го посети Претседавачот
со ОБСЕ и министер за надворешни работи, Бујар Османи кој положи цвеќе во
чест на жртвите. Османи е првиот политичар од Северна Македонија кој беше на
местото на несреќата што се случи на 3-ти мај.


Османи на својот Фејсбук профил изрази почит кон невините жртви од
застрашувачкото пукање и искрено сочувство кон семејствата и пријателите на
загинатите, но и кон целиот српски народ.   

„Соочени со оваа незамислива трагедија, од клучно значење е да се здружиме
во споделувањето на загубата и болката и да дадеме поддршка на
најпогодените. Само така ќе потврдиме дека сме подготвени да спречиме вакви
ужасни инциденти да се случат во иднина“, напиша Османи на Фејсбук.


Тагата на најблиските е неизмерна и ненадоместлива, пиша Османи, и додаде
дека ОБСЕ ја споделува нивната болка и дава целосна поддршка за надминување
на ситуацијата.

„Споменот за жртвите нека биде поттик за сите нас напорно да работиме за
побезбедна иднина, каде што училиштата се симбол на знаење и пријателство“,
напиша Османи.


ПР Објава

Можеби ќе ве интересира

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка