ОСМАНИ СЕ ЗАКАНИ: Секое загрозување на правата на Албанците во Македонија ќе наиде на единство на Албанците од цел Балкан
Објавено во: Балкан 21 Ноември, 2024 15:06
Koсовската претседателка Вјоса Османи вели дека секое загрозување на правата на Албанците во Македонија ќе наиде на противење и единство на Албанците од цел Балкан.
Османи изјави дека Албанците се конститутивен народ во Македонија, „со решавачки придонес за демократизацијата и евроатлантската интеграција на земјата“.
Османи порача дека „секој обид да се поткопаат“ правата на Албанците во С. Македонија, „ќе наиде на решително противење и непоколебливо единство на Албанците од целиот Западен Балкан“.
Таа додаде дека ќе се преземе сé „за да не се направи чекор назад“ во однос на правата на Албанците стекнати со Охридскиот договор.
Таа истакна дека е неопходна континуирана координација меѓу Косово и Албанија, особено за прашањата од надворешната политика и безбедноста, но пред сé за заштита на правата на Албанците.
Првиот вицепремиер Изет Меџити оценува дека косовскиот премиер Албин Курти ја кажал вистината за тоа дека во Македонија не постои закон за албански јазик, туку закон за употреба на јазиците. На ДУИ не им се допадна изјавата на Курти.Можеби ќе ве интересира
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии
Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни
Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата
Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени




