ОСТАНУВААТ ЛИ ВО ПРИТВОР: Кои се аргументите на Јанакиески и Божиновски
Објавено во: Македонија 26 Ноември, 2018 06:53
Во Апелациoниот суд денеска треба да се одржи јавна седница на која поранешниот министер за транспорт Миле Јанакиески и поранешниот генерален секретар на Владата Кирил Божиновски ќе бараат да им се укине притворот.
Се бара судот да ги земе предвид фактите на одбраната на Јанакиески и на Божиновски, и да донесе решение „во кое ќе ги отфрли одлуките за нивен притвор базирани врз фингирана службена белешка од УБК, класифицирана како строго доверливо“.
„Прво, во отсуство, без воопшто да се овозможи да се произнесат на нејавни седници се ставени во притвор. Одбраната ниту се има произнесено, ниту сме запознаени со докaзот. Не постоел никаков посредник, ниту се барало амнестија од Иванов“, вели Боро Тасевски, адвокат на Јанакиески и Божиновски.
Јанакиески и Божиноски втора недела се во притвор во истражниот затвор „Скопје“, по барање на СЈО поради наводен план за бегство. Тие притворот го добија како обвинети во случајот „Титаник“, односно за изборните нерегуларности во 2011 и 2013 година.
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината




