Оставка или стратегија „министер за опозиција“: Што е следно за Филипче
Објавено во: Анализа 23 Октомври, 2025 11:23
Лидерот на СДСМ имаше помалку од година дена да ја подготви опозициската партија за овие локални избори, но слично како и неговиот претходник Ковачевски, и политичкиот ментор Заев, претрпе уште еден катастрофален пораз, што веќе ги активираше барањата за негова оставка.
Филипче тврдеше дека партија е во процес на консолидација, но барем за јавноста се необјасниви одлуките да се кандидираат луѓе кои не се добро прифатени од членството, што се виде во средини како Струмица каде ВМРО ДПМНЕ успеа да го сруши нивниот бастион по 20 години, како и во Куманово каде нивниот кандидат не влезе ни во вториот круг покрај Максим Димитриевски и независниот Горан Стефановски Диро.
Исто така во Скопје посакуван кандидат беше професорот Мишко Ралев, но СДСМ истрча со Каја Шукова како доверлива партиска опција и резултатот е таков каков што е, не само што не е обезбеден втор круг туку Шукова е четврта според освоени гласови.
СДСМ потфрли и во повеќе општини каде има актуелни градоначалници и не ја завери победата во првиот круг на пример во Валандово и Крушево, а не ја искористи ниту состојбата во Битола каде досега ВМРО-ДПМНЕ немаше контрола над советот за да направи некакво изненадување.
Партиските лупинзи дека ВМРО-ДПМНЕ изгубил околу 150.000 гласови споредено со парламентарните избори пред една година се само горчлива утеха за сопствениот неуспех. Па таквите изјави на челните луѓе на СДСМ со потсмев и мајтап беа дочекани на социјалните мрежи.
СДСМ во длабоката ера на Груевски беше во слична состојба да раководи со само четири општини. Но, тогаш под контрола го имаше барем Струмица, Куманово, Карпош и Охрид од каде црпеше опозициски потенцијал.
Очигледно е дека многубројни социјалдемократски перјаници не ја даваат својата поддршка за матичната партија, а за раководителите околу Филипче велат дека се дојдени од невладиниот Сорос сектор.
Филипче се уште го живее политичкиот дострел во сенка на Заев, а епизодата со муртинскиот трговец многумина сакаат да ја заборават што побрзо. Тука се и шпекулациите за наводен луксуз кој двајцата поранешни соработници и блиски пријатели го уживаат на елитни дестинации, што целосно ја руши сликата за „скромниот социјалдемократ“ кој се грижи за кутриот народ.
Евидентно е дека многу луѓе кои имаат потенцијал во СДСМ ќе чекаат ова раководство да се троши, за на некои следни избори да дојде до таа неопходна внатрешна катарза. Некогаш важеше правилото дека слаб СДСМ значи и „дупка“ во македонската демократија, па за општо добро овој процес на трошење не смее да трае предолго.
Но, ако некогаш ВМРО-ДПМНЕ беше неприкосновено на власт цели 11 години, сега улогата на главна опозиција има потенцијал да ја преземе Левица и Димитар Апасиев. Тоа се покажува со активностите во Собранието, но и на ниво на Скопје каде Левица успешно ја надмина СДСМ и ќе има голем адут во вториот круг преку Амар Мециновиќ за дополнителна факторизација.
Ако оставката не е опција за Филипче уште помалку треба да биде стратегијата „министер за опозиција“. Во таква положба беше Христијан Мицкоски кој во 2017 година го наследи Никола Груевски по потопот на локалните избори.
Мицкоски не успеа да победи во 2020 година по сменето уставно име и договор со Бугарија, ниту да ја наметне Гордана Силјановска Давкова во првиот обид за претседател на држава.
Но, поразите не беа вечни иако во последните години Мицкоски беше обвинуван дека работи за интересите на Заев, што од страв дека партијата може да биде блокирана преку СЈО па дури и целосно забранета, што од меѓународниот фактор да не ги блокира клучните процеси околу промената на името во 2018 година.
Мицкоски беше обвинуван и за пацифизирањето на протестите против Францускиот предлог кој следеше по бугарското вето, па дури на локалните избори 2021 година и обидите за конечно рушење на власта на СДСМ во Собранието со промена на мнозинството „даде“ знак дека има потенцијал за фотелјата на Илинденска.
Филипче мора да покаже дека може да делува како „лепак“ во опозицијата и да ги обедини незадоволните политички фактори за да биде конкурентен на ВМРО-ДПМНЕ, но на располагање има малку време, ниту може да чека уште некој изборен циклус, бидејќи СДСМ се повеќе ја губи довербата, особено меѓу своето членство кое секогаш било карактеризирано како помалку „дисциплинирано“ отколку кај десницата.
Х.С.* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот
СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени
Ако сакаш да не најдеш решение формирај комисија – Што ќе донесе анкетната расправа за Кочани?





