Добивај вести на Viber
Точно на полноќ на граничниот премин Бајаково со пригодна свеченост беше откриена таблата на која пишува Европска унија. Хрватска е веќе дел од европското семејство - 28 земја членка на унијата.
Со големо славје на плоштадот Бан Јелачич и со обраќања на домашни и странски претставници Хрватска влезе во Европската унија.
„Ја кревам чашата и наздравувам во име на нашата заедничка иднина во име на нашата заедничка храброст“, изјави хрватскиот премиер Зоран Милановиќ, додавајќи дека остануваат таму каде што се, но сега со нова одговорност. „
На нас останува да им пружуме рака на земјите од регионот за брзо усвојување на европските критериуми“, изјави хрватскиот премиер Зоран Милановиќ.
Иво Јосиповиќ: Во нашите домови влезе и првата европска зора
Претседателот на Хрватска Иво Јосиповиќ изјави дека со влезот во Европската унија, Хрватска отвора ново поглавје во својата историја.
„Денес е голем и радосен ден за нашата татковина, република Хрватска. Ден кога отвораме едно ново поглавје во деблата книга од нашата историја. Ден во кој стануваме во целост прифатена и полноправна членка на најголемата и најуспешна заедница на европските држави кој било кога постоела на нашиот континент. Во нашите домови влезе и првата европска зора“, истакна Јосиповиќ.
Посебен говор за добредојде од литванската претседателка
„Мои драги пријатели, им честитам на Хрватска! Им честитам на Европа! Ова е историски момент за сите. Најпосле Хрватска е со нас“, вака го поздрави влезот на Хрватска во ЕУ, претседателката на Литванија, Далиа Грибаускате,. Таа на својот хрватски колега му подари дрес од европскиот тим.
„Од денеска Европа има уште еден силен играч. Еден тим – еден сон. Одиме да победиме заедно. Ви честитам на сите, изјави Грибаускате.
700 новинари акредитирани за свеченоста
Повеќе од 700 новинари беа акредитирани за следење на прославата за влезот на Хрватска во Европската унија. Пораката која синоќа беше испратена е двострана – едната ја испрати Хрватска, а другата Европската унија, но и двете имаат заеднички именител, а тоа е дека се исплаќа да се потрудиш и да направиш се за да влезеш во заедницата на цивилизираните народи.
Редакција Фактор