08 Декември, 2025
0.0859

„Остварувања“ со криминална обланда!

Објавено во: Економија, Колумни 28 Март, 2016 08:21

Добивај вести на Viber

Очигледно е дека земјата е пред голема неизвесност. Ќе успее ли да се справи со криминалот или криминализираната држава ќе го дозаокружи својот систем на делување, не дај боже и со благослов на народот на наредните избори, ако им даде поддршка на осомничените за разни видови криминал. Потоа, нема спас. Агонијата ќе продолжи, до неизбежната социјална експлозија. Избраните ќе позајмат уште една или две милијарди евра со повисоки камати и ќе ги продадат преостанатите државни капацитети, за да купат време да ги покријат трагите од нерегуларностите во владеењето. Сите опции се во игра, затоа што се работи за спасување на „гола кожа“. Криминализацијата навлезе во сите пори на општеството. И што е најлошо, во врвот на пирамидата, како инспиратори и организатори, се наоѓаат луѓе од врвот на власта. Лошото е во тоа што од нив не може да се очекува да се спротивстават на злото. Напротив, како заинтересирани да ја спасуваат сопствената „кожа“ како осомничени за злосторничко здружување, секојдневно го опструираат Специјалното обвинителство во процесуирањето на покренатите и најавените кривичните пријави за изборни незаконитости  и други кривични дела. Притоа, ги користат сите средства, вклучувајќи ги и узурпираните и контролирани органи и институции. Се подготвуваат и за аболиција од страна на претседателот. Запрепастувачки е што се‘уште мислат дека и со сомневањата за тешки кривични дела и натаму можат да ја водат државата. Па, каде се наоѓаме? Да не зборуваме и за политичката одговорност за нарушување на принципите на поделба на власта, за партизација на државата, за нерегуларностите во сферата на медиумите...за назадувањето на демократијата и за доведувањето на земјата во криза за чие надминување цехот ќе го плати народот. Состојбите се такви што тие радо би се откажале од борбата за власт ако не се пред непосредна опасност од соочување со правдата за што, според досегашното однесување, немаат аргументи за одбрана. Ги вложуваат последните напори да ги добијат изборите  и со тоа да ја избегнат одговорноста за нерегуларностите, продолжувајќи ја досегашната практика на контрола на правосудните органи. Забораваат дека изборот на власт не ги оправдува незаконитите постапки и однесувања. За извршениот криминал кога-тогаш ќе одговарат, а казната ќе биде поголема доколку се зголеми мизеријата на народот. А таа е неизбежна бидејќи ни следат строги  мерки за штедење, пад на стандардот, намалување на вработеноста, забавување на растот... Клучните трендови во економијата покажуваат дека сигурно стремиме во таа насока. Најсилен индикатор е што власта и натаму ја продава политиката на развој преку илјадници проекти, која како  макроекономска  политика не се практикува од владите  во ниедна земја на Европа. Дури и ја „усоврши“ со   одење на лидерот од село во село и од куќа до куќа, промптно остварувајќи ги „желбите“ на домаќините. Не сфатија дека таквиот начин на работа не‘ доведе до ова дереџе. Притоа, од власта ниту еднаш не се обидоа да дадат податоци од кои ќе се види рационалноста во трошењето на средствата, односно од чии пари ги исполнуваат желбите, за да ги симнат сомневањата дека прават „од три буки вретено“ и дека добар дел од средствата ги дислоцираат во  приватни џепови. Продолжувањето на „проектоманијата“ само ќе ги влошува состојбите во економијата. Веќе сега се пробиваат лимитите во буџетската потрошувачка (и заради корупција на гласачите). Со субвенционирањето на платите на нововработените ќе се зголемува дефицитот во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување (што ќе притиска на буџетот). И натаму ќе се девастираат јавните претпријатија со „порачки“ да учествуваат во изведувањето на некои „ветени“ проекти. Ќе продолжат нерационалностите во стимулирањето на земјоделството и нерегуларностите во нивното остварување (поради популизам и корупција)... Во овој контекст разбирливо е и брзањето на власта изборите да се одржат што побрзо, независно од тоа дали ќе се создадат  услови за слободни и фер избори. Потребата за демократски пресврт во развојот не им значи ништо. Тие знаат само за автократски и популистички методи. Останува да се надеваме дека осиромашениот и исплашен народ за сопствената и судбината на своите деца и внуци ќе ги сфати причините за длабоката општествена криза и ќе се спротивстави на опасноста од продолжување на криминализирањето на државата. Неговата мизерија не е увезена, туку е последица на  расипничко и незаконито работење на власта. И затоа осиромашениот народ додека најпрво не си го „смети“ сопствениот двор, не може и не смее  вината да ја лоцира кај надворешниот фактор. Впрочем, тој не е виновен што на властите им „лепат“ прстите или уште помалку, што овие нашиве станаа специјалисти за трошење на средствата како  да ги добиле од дедовото наследство.  И  десет „Отчети“ на направат никогаш нема да кажат од каде и со кои пари „остваруваат“. Не затоа што не знаат, туку затоа што знаат дека се кабаетлии. д-р Крсте Шајноски

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Пет професии кои се дефицитарни - високите плати се примамливи, но стручноста е неопходна

Пет професии кои се дефицитарни - високите плати се примамливи, но стручноста е неопходна

Макрон се закани со нови царини за Кина

Макрон се закани со нови царини за Кина

Кога е најдобро време да купите половен автомобил - во овој дел од годината можете да заштедите до неколку стотици евра

Кога е најдобро време да купите половен автомобил - во овој дел од годината можете да заштедите до неколку стотици евра

Русите пресметаа и објавија колку пари изгуби ЕУ поради санкциите

Русите пресметаа и објавија колку пари изгуби ЕУ поради санкциите

ПОЧНА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА СКОПСКАТА ЖЕЛЕЗНИЧКА: Колку време ќе трае и колку чини проектот за новиот изглед?

ПОЧНА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА СКОПСКАТА ЖЕЛЕЗНИЧКА: Колку време ќе трае и колку чини проектот за новиот изглед?

Плати во плик, кеш промет и скриени приходи – УЈП со засилени контроли

Плати во плик, кеш промет и скриени приходи – УЈП со засилени контроли

(ВИДЕО) „ОВА Е НЕРЕАЛЕН БУЏЕТ“: Битиќи вели дека предлог буџетот за 2026 година му изгледа на предизборен

(ВИДЕО) „ОВА Е НЕРЕАЛЕН БУЏЕТ“: Битиќи вели дека предлог буџетот за 2026 година му изгледа на предизборен

Повеќето милијардери живеат во оваа европска земја: Додека беснее економската криза, нивното богатство се зголемува

Повеќето милијардери живеат во оваа европска земја: Додека беснее економската криза, нивното богатство се зголемува

Милијарди на хартија, но каде се парите?

Милијарди на хартија, но каде се парите?