Осуден британски интернет предатор кој имаше 3.500 жртви: Натера ќерка и татко да се самоубијат
Објавено во: Свет 26 Октомври, 2024
Интернет предаторот Александер Макартни, поради кого девојче и нејзиниот татко се самоубија, е осуден на 20 години затвор, во најголемиот британски случај на лажно претставување на Интернет, со цел да се добијат информации и да се профитира од жртвата.
Овој 26-годишник ги признал сите 185 точки од обвинението. Полицијата го нарече „опасен, безмилосен и суров педофил“ кој имал 3.500 жртви. Уредите запленети од неговата спална соба содржеле стотици илјади фотографии и видеа на малолетници.
Судот ги сослуша жртвите на возраст меѓу 10 и 16 години, кои се од Велика Британија, Соединетите Американски Држави, Европа, Австралија и Нов Зеланд. Мекартни, кој е по потекло од Северна Ирска и поранешен студент по компјутерски науки, користел Snapchat и други онлајн услуги, претставувајќи се како некој друг. Тоа е форма на интернет измама наречена „catfishing“ на англиски.
Имено, тој се претставил како девојче за да ги убеди жртвите да испратат свои фотографии. Потоа уценувајќи ги, барал фотографии и видеа со поексплицитна содржина. Така, 12-годишната Американка Симарон Томас извршила самоубиство со пиштолот на нејзиниот татко, не сакајќи да се согласи со неговата уцена.
Ова самоубиство имаше уште потрагични последици. Таткото на девојчето Бен Томас, не можејќи да ја поднесе загубата, се самоубил 18 месеци откако неговата ќерка го сторила тоа.
За време на изрекувањето на пресудата на Макартни беше нагласено дека тој почнал да прави злосторства кога имал 14 години, објави Скај њуз.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.