ОСУМ МИЛИОНИ ЕВРА - толку договори јавниот сектор склучил во четири очи во првото полугодие
Објавено во: Македонија 27 Декември, 2021
Дури во 91 отсто од случаите на јавни набавки се користи електронската аукција. Се смета дека таа се користи за манипулации и корупција. Ова е дел од Извештајот од мониторингот на јавните набавки за периодот јануари-јуни 2021 година.
Клучните наоди од мониторингот вклучуваат:
Иако незадолжителна, електронската аукција била применета во 91 отсто од јавните набавки што упатува на тоа дека е-аукцијата се користи како механизам за манипулации и корупција.
Честото совпаѓање на вредноста на доставените понуди со проценетата вредност на тендерите, која не е јавно објавена, упатува на претходно договарање меѓу институциите и понудувачите.
Постојат примери на нееднаков однос кон понудувачите, како и случаи на ограничување на конкуренцијата.
На секој четврти тендер е доставена една или ниту една понуда.
Поништувањето на тендерите останува исклучително високо и изнесува 26 отсто.
Во првото полугодие од 2021 година, преку нетранспарентната постапка со преговарање без објавување оглас се склучени договори во вредност од 7,9 милиони евра.
Овие слабости се присутни на тендерите кои ги спроведуваат институциите и на национално и на локално ниво.
„Толку честата примена на електронска аукција во тендерите може да значи дека учесниците во јавните набавки не ги напуштаат веќе разработените механизми за манипулации и корупција. Законски незадолжителната еаукција во праксата и натаму е нераскинлив дел од тендерите и во првото полугодие од 2021 година се применувала во дури 91 отсто од сите јавни набавки спроведени во земјата. Договорните органи не ги почитуваат препораките дадени од граѓанскиот сектор и од надлежните институции за ограничено користење на е-аукцијата со цел да се избегнат негативните ефекти и манипулации кои ги поттикнува таа. Во првото полугодие од 2021 година биле спроведени 11.215 постапки за јавни набавки. Од нив, во дури 10.198 (91 отсто) била планирана е-аукцијата, што е буквално за само 1 процентен поен помалку од првото полугодие од 2020 година“, се вели во извештајот.Податоците од мониторингот покажуваат дека во речиси половина од тендерите во коишто е-аукцијата била планирана, таа всушност не е одржана. Дисторзиите што ги создава високата примена на е-аукцијата можат да се групираат во два кластери. Првиот се однесува на последиците што настануваат во тендерите каде што конкуренцијата изостанува или е мала, а вториот – во тендерите каде што има конкуренција, која резултира со договарање меѓу фирмите или нереално спуштање на цените.
Во секој трет тендер (34 отсто) во којшто не е спроведена е-аукција всушност била добиена само една понуда или само една понуда била прифатлива, а останатите се исклучени бидејќи не ги исполнувале условите предвидени со тендерската документација.
Со оглед на тоа што во тендерите со планирана е-аукција понудувачите на почетокот, по правило, доставуваат многу повисоки цени, оправдан е сомнежот дека во поголем дел од овие тендери договорите се склучени по цени што се повисоки од реалните. Вториот кластер на дисторзии се однесува на тендерите каде што има конкуренција, која резултира со договарање меѓу фирмите или нереално спуштање на цените.
Договарањето на фирмите се манифестира со неучество на понудувачите во аукцијата
(13 отсто), со симболично намалување на понудите или, пак, со поголемо намалувања на
цените со цел понудата да се вклопи во проценетата вредност на тендерот. Во однос, пак,
на спуштањето на понудените цени до нереално ниско ниво, проблемите се јавуваат во
тоа што подоцна ниските цени се преточуваат во лош квалитет, а воедно така ниските
цени може да делуваат дестимулативно за идни учества на понудувачите кои не работат
со производи и услуги со низок квалитет.
Сите слабости во големиот број тендери во кои е планирана е-аукција може да се
погледне и низ бројките од мониторираниот примерок.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.