19 Декември, 2025
0.0435

ЕДИНАЕСЕТ ПАЦИЕНТИ НА ДОМАШНИТЕ КЛИНИКИ, УШТЕ 68 ВО СТРАНСТВО - се прават планови за долгорочно лекување на пациентите од Кочани (ОБНОВЕНО)

Објавено во: Македонија 06 Април, 2025 12:59

Добивај вести на Viber

Се утврдуваат потреби за долгорочно лекувањена пациентите кои се на лекување во странство по повредите добиени во катастрофалниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Се работи за нивно лекување во надворешни центри во втората фаза од процесот, информираше денеска доктор Игор Николов, контакт - лице за состојбата на пациентите од пожарот во дискотеката во Кочани.

Тој потврди дека има понуди од земји да третираат или да дадат долгорочна рехабилитација и да водат пациенти.

- Во моментов, на Пластична хирургија е само пациентка вратена од Унгарија. Тројца пациенти се отидени на домашно лекување, со препорака за редовни контроли. Во „Свети Наум Охридски“ има шестмина пациенти. Сите се стабилни, се очекува испис утре. На Токсикологија има двајца пациенти. И двајцата се стабилни. Во ГОБ „8 Септември“ нема пациенти во моментов - појасни Николов во изјава за МИА.

Шеесет и осум пациенти од пожарот во дискотеката во Кочани сѐ уште се лекуваат во странство. Засега, нема планирано враќање на некој од нив во текот на денешниот ден.

Од Министерството за здравство дополнуваат дека во медицинските центри надвор од државата се лекуваат 68 лица, бидејќи еден пациент е испишан од медицинскиот центар во Љубљана и својот медицински третман го продолжува во друга држава каде има здравствено осигурување.

Најавени се неколку исписи за пациенти за наредниве денови, по финализирање на постапката со протоколите.

Од таму дополнуваат дека во клиниките во Скопје се лекуваат 11 пациенти, од кои шест во Хируршка клиника ,,Св. Наум Охридски", двајца на Клиниката за токсикологија, останува еден пациент на Клиниката за пластична хирургија, каде тројца се испишани на домашно лекување и двајца во „Систина".

- Секојдневно ја следиме состојбата со повредените пациенти и продолжуваме со информирање на јавноста на дневна основа, обезбедувајќи најдобра здравствена нега и грижа за сите пациенти - додаваат од МЗ.

Пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани избувна рано наутро на 16 март. Шеесет лица го изгубија животот во трагедијата.

Пред два дена почина и Александар Карадаковски, кој беше испратен на лекување во Литванија. Александар долги години работел во дискотеката како шанкер, а воедно во документацијата бил наведен и како управител.

Тој почина поради директното оштетување на 90 проценти од дишните патишта од чадот кој што го вдишал, заедно со големата површина на изгореници која изнесува околу 36 проценти е причина за починувањето на 29-годишниот Карадаковски кој се лекуваше во Литванија.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот