30 Септември, 2024
0.0264

ОСВЕН ЛЕКАРИ ОД ЈАВНОТО ЗДРАВСТВО, И ОНИЕ ОД ПРИВАТНОТО ЌЕ МОЖАТ ДА ПРЕПИШУВААТ ПРЕПАРАТИ ОД КАНАБИС - во програмата се најавува легализација на употребата на канабисот

Објавено во: Македонија 12 Јануари, 2022

Добивај вести на Viber

Покрај бројните други планови наведени во програмата на мандатарот Димитар Ковачевски, која тој пртед народните избраници ќе ја брани веќе во сабота, тој најавува и легализација на канабисот. 

„Во рамки на своите развојни зелени политики, Владата ќе ги интензивира политиките и активностите за декриминализација, легализација и искористување на медицинските, социјалните и економските придобивки од канабисот. Стриктно и доследно ќе се придржуваме на наведените политики и ќе воспоставиме систем на цврста контрола на производството на канабис за наведените цели, за што ќе обезбедиме целосна транспарентност и меѓународна и домашна вклученост и надзор на процесот“, се вели во програмата.

Првенствено, се нагласува, преку измена и дополнување на законодавството, ќе се бараат решенија за да се дозволи освен лекари од јавното, и лекари од приватното здравство да можат да препишуваат препарати од канабис и да се дозволи можност пациентот кој добил препорака за лекување со препарати од канабис да може сам да одгледува и користи канабис во форма која согласно неговата здравствена состојба најмногу му одговара (орално, преку инхалација или преку супозитории). 

„Покрај ова, ќе се работи на формирање на агенција за канабис - ново специјализирано државно тело кое би го регулирало и би вршело надзор над одгледувањето на канабис за лична употреба, основање и работа на социјални клубови, одгледување на канабис за медицински цели и слично, како и формирање посебен фонд од даноци и останатите давачки кои ќе ги плаќаат правните лица што произведуваат и тргуваат со канабис, а со кој би се утврдил и процентот на средства кои ќе бидат наменети за програми за лекување на разни болести и поддршка на маргинализирани групи, како и проекти од јавен интерес во областа на медиумите, културата, спортот и граѓанскиот сектор“, напишал мандатарот Ковсачевски. 

Законодавството, покрај регулирањето на правата на лиценцираните правни лица – производители, има потреба од сериозно надополнување по однос на личната употреба на канабисот на граѓаните и решавање на ова актуелно прашање. 

„Имајќи го предвид фактот што засега голем број граѓани се прогонувани заради употреба на природната билка канабис, што ги става во неповолна положба во однос на другите граѓани, а со тоа им се загрозуваат нивните лични човекови права загарантирани со Уставот и меѓународните ратификувани договори, се попречува личниот и економскиот просперитет и социјален развој. Поради сите наведени факти, Владата во следниот период ќе работи на следниве прашања: Декриминализација и легализација на поседување и лична употреба; Декриминализација на одгледувањето на растенија за лична употреба; Разгледување можности за основање и работење на социјални клубови; Зголемување на бројот на здравствени состојби за кои може да се користи канабис; Дозвола за лекари од приватното здравство да препишуваат препрати од канабис и можност пациентот кој добил препорака за лекување со препарати од канабис да може сам да си одгледа и користи во форма во која најмногу му одговара за неговата состојба (орално, преку инхалација или преку супозитории); Основање на агенција за канабис (и во нејзин склоп); Формирање фонд од давачките што ќе ги плаќаат правните лица кои произведуваат и тргуваат со канабис“,се вели во предлог програмата на мандатарот Димитар Ковачевски.

Фактор веќе објави поголем дел од екпономските планови на мандатарот Ковачевски за остварување на повисоки стапки на раст, повисока плата, праведен даночен систем, легализација на пазарот на биткоини, како и вложување на милијарди евра во енергетиката, со цел земјава да ја намалу својата зависност од увоз на енергенски и полесно да се справува со евентуални идни енергетски кризи како што е оваа сегашната.

Н.Н.Ф. 

Можеби ќе ве интересира

„Со тие разговори се направи нов злочин“: Туфегџиќ за масакрот кај Смилковското Eзеро - само штета од прислушуваните разговори

„Со тие разговори се направи нов злочин“: Туфегџиќ за масакрот кај Смилковското Eзеро - само штета од прислушуваните разговори

„АКО КОСТАДИНОВ Е ПРОБЛЕМОТ, ЈА ИМАТЕ МОЈАТА ОСТАВКА“: градоначалникот на Струмица бара чиста вода за жителите

„АКО КОСТАДИНОВ Е ПРОБЛЕМОТ, ЈА ИМАТЕ МОЈАТА ОСТАВКА“: градоначалникот на Струмица бара чиста вода за жителите

ВРЕДИ: 100 ДЕНА НОВИ ПОЛИТИКИ И БОРБА ПРОТИВ СТАРИТЕ НАВИКИ - борба за санкционирање на сите кои се огрешиле

ВРЕДИ: 100 ДЕНА НОВИ ПОЛИТИКИ И БОРБА ПРОТИВ СТАРИТЕ НАВИКИ - борба за санкционирање на сите кои се огрешиле

ПОЧИНАТ ВЕЛЕШАНЕЦ (43) ПРОНАЈДЕН ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ - причините за смртта мистерија

ПОЧИНАТ ВЕЛЕШАНЕЦ (43) ПРОНАЈДЕН ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ - причините за смртта мистерија

ОТКРИЕНИ МАНГАН И БАКТЕРИИ ВО СТРУМИЧКИОТ ВОДОВОД - издадена наредба граѓаните да не ја користат водата

ОТКРИЕНИ МАНГАН И БАКТЕРИИ ВО СТРУМИЧКИОТ ВОДОВОД - издадена наредба граѓаните да не ја користат водата

ОБИД ЗА УБИСТВО НА МАЛОЛЕТНИК: напаѓачот е во притвор - го расекол со скалпел кај вратот

ОБИД ЗА УБИСТВО НА МАЛОЛЕТНИК: напаѓачот е во притвор - го расекол со скалпел кај вратот

„ИЗГРАДБАТА Е СТОПИРАНА“ Љутков: Скопје во 2028 година ќе има Универзална сала - на законски и легален начин

„ИЗГРАДБАТА Е СТОПИРАНА“ Љутков: Скопје во 2028 година ќе има Универзална сала - на законски и легален начин

ЌЕ ГО СЛЕДИМЕ ОТКУПОТ НА ОРИЗ: Трипуновски вети заштита од злоупотреби и манипулација

ЌЕ ГО СЛЕДИМЕ ОТКУПОТ НА ОРИЗ: Трипуновски вети заштита од злоупотреби и манипулација

ДЕСЕТТИ ХУМАНИТАРЕН ПИКНИК ЗА ВРАБОТЕНИТЕ НА „АЛКАЛОИД“: ОКОЛУ 2 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ЗА ОРГАНИЗАЦИЈАТА СОС ДЕТСКО СЕЛО

ДЕСЕТТИ ХУМАНИТАРЕН ПИКНИК ЗА ВРАБОТЕНИТЕ НА „АЛКАЛОИД“: ОКОЛУ 2 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ЗА ОРГАНИЗАЦИЈАТА СОС ДЕТСКО СЕЛО