„ОТКАКО ЈА ПРЕГАЗИЛ ЌЕРКА МИ, ВОЗИЛОТО ГО ПАРКИРАЛ ПРЕД НАШАТА ЗГРАДА“: Таткото на Фросина сведочи, што се случувало вечерта на Партизанска, кога Фросина го загуби животот
Објавено во: Македонија 05 Февруари, 2025 09:09
Таткото на прегазената Фросина Кулакова, Тодор Кулаков, во вчерашното гостување на Топ Тема на тв Сител, раскажа што всушност се случувало кобната вечер на Партизанска кога животот го загуби неговата ќерка, Фросина.
„Ние живееме во Дебар маало, тоа е на 200 метри. Фросина како и секоја вечер излезе со кучето. Сите веќе знаат дека таа е моден дизајнер и оваа недела имаше најмногу случувања во Париз“ вели нејзиниот татко.
Била излезена со кучето најнормално, бидејќи водела сосема нормален живот.
„Одеднаш слушаме Брза помош, пискотници... Сопругата и ѕвони, таа не одговара. Ѕвонам јас и мене не ми одговара. Кога родител му ѕвони на дете а тоа не се јавува, нешто се случило.... Пиштат полициски коли, гледаме низ прозор, 20 полициски возила, специјалци, чуда...“, низ солзи раскажува тој.
На прашањето дали Јован, возачот на возилото со кое Фросина беше прегазена бил таму, Тодор одговори „дали е иронија на судбината, не знам, времето ќе покаже, но тој откако ја прегазил ќерка ми, возилото го паркирал пред нашата зграда“...
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




