22 Ноември, 2024
0.0290

ОТКАКО СЀ ПОСКАПЕ НА РЕД ДОЈДЕ И ВОДАТА, СЕ КРЧКА НОВА ЦЕНА – скопјани ќе треба да одвојат повеќе пари за услугите

Објавено во: Македонија 09 Декември, 2022

Добивај вести на Viber

Јавното претпријатие Водовод и канализација Скопје бара зголемување на цените за водоснабдување поради зголемени трошоци. Барањето е доставено до Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Македонија.

-  Се известуваат сите заинтересирани правни и физички лица дека ЈП Водовод и канализација Скопје, на ден 14.11.2022 година до Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија поднесе Барање за измена на план за прилагодување по исклучок, согласно член 17 од Законот за утврдување на цени на водни услуги за водната услуга снабдување со вода за пиење или водоснабдување за 2022 и 2023 година од регулираниот период 2021-2023 година – се наведува во барањето објавено на веб страната на РКЕ.

Во него е посочено дека се бара зголемување на просечната цена на водната услуга снабдување со вода за пиeње за 2022 година на 38,57 денари за метар кубен, додека за следната 2023 година на 38,81 денар за метар кубен. Исто така се бара промена и на цената на услугата собирање и одведување на урбани отпадни води, како што е наведено во табелата подолу.

Со последната одлука на РКЕ, на ЈП Водовод и канализација Скопје им била утврдена просечна тарифа за водоснабдување за 2022 година во износ од 23,24 денари за метар, додека за 2023 година во износ од 23,14 денари за метар кубен. Ова се сегашните важечки цени по кои претпријатието ги наплаќа своите услуги. Сепак, ова не се цените по кои граѓаните ги плаќаат услугите на ЈП Водовод и канализација, туку се тарифите кои им ги одобрува РКЕ согласно пријавените трошоци.

Од веб страната на јавното претпријатие каде е објавен ценовникот за услугите на компанијата, се гледа дека граѓаните односно домаќинствата водната услуга снабдување со вода за пиење ја плаќаат по цена од 18,50 денари. За разлика од нив, за останатите корисници цената достигнува 49,50 денари.

Колкави ќе бидат цените за домаќинствата и за останатите корисници по промената на цената се уште не се знае. Од јавното претпријатие не појаснуваат колку ќе се зголемат цените ниту за домаќинствата, ниту пак за останатите корисници, односно за компаниите. Фактор побара појаснување од ЈП Водовод и канализација околу барањето за зголемување на цените на услугите кои ова претпријатие ги обезбедува за граѓаните, како и податок колку ќе изнесува цената поединечно по измените.

-  Во согласност со Законот за утврдување на цените на водните услуги, ЈП Водовод и канализација - Скопје редовно доставува извештаи до Регулаторна комисија за енергетика. Во однос на тоа до РКЕ соодветно се доставени извештаи за трошоците на претпријатието, кои се зголемени имајќи го предвид зголемувањето на цените на сите ресурси кои ги користи претпријатието. Во овој момент цената на водните услуги и покрај зголемувањето на трошоците како резултат на енергетската криза е непроменета. Околу евентуална промена на цената на водните услуги надлежни се Регулаторна комисија за енергетика и Советот на Град Скопје како основач на претпријатието – пишуваат од ЈП Водовод и канализација.

Фактор дознава дека ова не е единственото претпријатие, чија дејност е снабдување со пиење, кое побарало промена на цените на услугите, поточно нивно зголемување. Напротив, кон ваков чекор веќе пристапиле и многу други комунални претпријатија во земјава.

П.О.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

„БЕШЕ СПОМЕНАТА СЕСТРА, А ЗА СЕСТРА СЕ УМИРА“ - пратеник од Левица објаснува каков е нивниот левичарски идентитет

„БЕШЕ СПОМЕНАТА СЕСТРА, А ЗА СЕСТРА СЕ УМИРА“ - пратеник од Левица објаснува каков е нивниот левичарски идентитет

„РАДМИЛА ЈА НАПРАВИ МАКЕДОНИЈА ПОВТОРНО ГОРДА, НЕ ГОРДАНА“: Спасов за именувањето на Шекеринска за заменик секретарка на НАТО

„РАДМИЛА ЈА НАПРАВИ МАКЕДОНИЈА ПОВТОРНО ГОРДА, НЕ ГОРДАНА“: Спасов за именувањето на Шекеринска за заменик секретарка на НАТО

УКРАСУВАЊЕТО НА ЦЕНТАР ПОЧНА, СЕ ДОГОВАРААТ И МУЗИЧАРИТЕ КОИ ЌЕ ГИ ЗАБАВУВААТ ГРАЃАНИТЕ - градоначалникот Герасимовски вели дека стартува новогодишната магија

УКРАСУВАЊЕТО НА ЦЕНТАР ПОЧНА, СЕ ДОГОВАРААТ И МУЗИЧАРИТЕ КОИ ЌЕ ГИ ЗАБАВУВААТ ГРАЃАНИТЕ - градоначалникот Герасимовски вели дека стартува новогодишната магија

ОД 30 НОЕМВРИ – МАКЕДОНСКИТЕ ГРАЃАНИ ЌЕ ПАТУВААТ ВО КИНА БЕЗ ВИЗИ! Има и уште една многу значајна промена

ОД 30 НОЕМВРИ – МАКЕДОНСКИТЕ ГРАЃАНИ ЌЕ ПАТУВААТ ВО КИНА БЕЗ ВИЗИ! Има и уште една многу значајна промена

ЕВЕ ЈАС ЌЕ Ѝ СЕ ИЗВИНАМ НА КОЛЕШКАТА: Мојсоска со реакција за барањето на Пешевска

ЕВЕ ЈАС ЌЕ Ѝ СЕ ИЗВИНАМ НА КОЛЕШКАТА: Мојсоска со реакција за барањето на Пешевска

„СИТЕ ЛИНИИ СООБРАЌААТ, ИСТО КАКО И ПРЕТХОДНО“: директорот на ЈСП, Кушовски потврди дека нафтата пристигнува

„СИТЕ ЛИНИИ СООБРАЌААТ, ИСТО КАКО И ПРЕТХОДНО“: директорот на ЈСП, Кушовски потврди дека нафтата пристигнува

ОТВОРЕН НОВ ЦЕНТАР ВРЕДЕН 48 МИЛИОНИ ЕВРА - „Подравка“ го заклучи најзначајниот инвестициски циклус

ОТВОРЕН НОВ ЦЕНТАР ВРЕДЕН 48 МИЛИОНИ ЕВРА - „Подравка“ го заклучи најзначајниот инвестициски циклус

„КРИВИЧЕН ПРОГОН БИ МУ ОДГОВАРАЛ НА АПАСИЕВ, ДА МОЖЕ ДА ПРОДОЛЖИ ДА ГЛУМИ ЖРТВА“: Се огласи адвокатот Јанаки за насилството во Собрание

„КРИВИЧЕН ПРОГОН БИ МУ ОДГОВАРАЛ НА АПАСИЕВ, ДА МОЖЕ ДА ПРОДОЛЖИ ДА ГЛУМИ ЖРТВА“: Се огласи адвокатот Јанаки за насилството во Собрание

Тинејџерка усмрти жена во сообраќајка во Чаир

Тинејџерка усмрти жена во сообраќајка во Чаир