Откажан генералниот штрајк во Хрватска
Објавено во: Балкан 04 Јуни, 2013
Синдикатена вработените во јавните и државните служби и хрватската влада успеаа да се договорат околу платите, по што беше го откажаа генералниот штрајк најавен за денеска.
Одлуката ја објави министерот за образование, наука и спорт Жељко Јовановиќ кој повтори дека Владата нема да купува социјален мир и нема да се задолжува за исплата на плати.
„ Владата сака да потпише договор кој е остварлив за двете страни“, изјави денеска Јовановиќ.
Синдикатите бараа да им се вратат 3% од бруто платите за колку се намалени во почетокот на годината и тоа кога во земјата ќе се оствари одреден економски раст. Владата предложи за покажување на платите во државните служби прво да се почека БДП-то да се врати на нивото од пред кризата.