Откриен најдолгиот 11 километарски тунел во Индија
Објавено во: Свет 03 Април, 2017
Индискиот премиер Нарендра Моди свечено го отвори најдолгиот патен тунел во земјата „Мадрас-Нашри", пренесе ТАСС.
Шест години биле потребни на инженерите за изградба на 11-километарскиот тунел, кој се очекува да го олесни сообраќајот на автопатот, кој ја поврзува кашмирската долина со остатокот од земјата, посочуваат американските медиуми.
Телевизијата Ен Ди Ти Ви соопшти дека тунелот значително ќе го скрати времето за патување меѓу двата главни града во северниот индиска држава Џаму и Кашмир - „летната престолнина" Сринагар и „зимската престолнина" Џаму.
„Овој тунел ќе биде од корист за земјоделците од кашмирската долина. Производството веќе нема да се расипува поради затворени патишта"- рече тој.
Кашмир е еден од најважните земјоделски региони на Индија. Таму се одгледуваат ориз, пченка, пченица и градинарски култури - јаболка, круши, праски, кајсии и друго.