27 Ноември, 2024
0.0271

ОТКРИЕН ВОЗАЧОТ НА „ПУНТОТО“ ЗАБЕЛЕЖАНО ВО СЛИЧНО ВРЕМЕ КОГА ИСЧЕЗНА ДАНКА - истрагата продолжува

Објавено во: Балкан 28 Март, 2024

Добивај вести на Viber

Надзорната камера лоцирана во дворот на куќата на Јасмин Стојадиновиќ од Бањско поле е прегледана од полицијата во истрагата за исчезнувањето на Данка Илиќ (2) од Бор.

На видеото, кое веќе се шерува и на социјалните мресжи, се гледа автомобил „пунто“ кој во сличен термин кога исчезна девојчето се движел по улицата со голема брзина. Возилото наводно било управувано од маж. Сепак, оваа информација не го олесни пребарувањето. Познато е дека бил сослушан во полиција.

Утврдено е дека станува збор за сосед кој живее недалеку од местото каде исчезна Данка Илиќ. Според тамошните медиуми, човекот брзал да ја однесе својата мајка на станица. Дел од нив велат дека девојчето во тие моменти не го видел, но предходно го имал забележано. 

За потсетување, девојчето исчезна на 26 март во 13 часот и 45 минути. Како што претходно изјави за локалната жителка Јасмина Стојадиновиќ, на видеото се гледа како мајката шета по улица со своите деца.


Десетина минути подоцна дошол таткото на децата, а по десетина минути поминала полициска патрола.

Дејан Шевковиќ од Планинарската спасувачка служба, кој повеќе од 20 часа учествуваше во потрагата по исчезнатото девојче кај Бор, вели дека состојбата на терен била тензична, а условите тешки.

Можеме да кажеме дека голем дел е претресен, но секогаш постои пет до десет проценти веројатност дека не можеме да потврдиме дека детето го нема, забележува Шевковиќ.

Бројот на полицајци во Бањско поле е видно намален, но во близина на куќата од која исчезна девојчето се уште има патроли. Пристапот е дозволен само на роднините.

Оперативната работа на полицијата продолжува. Полицијата ги проверува базните станици, а од прегледот на мобилните телефони на родителите треба да се утврди со кого биле во контакт во периодот на исчезнувањето на Данка, јавува РТС.

Се очекува да бидат сослушани и лицата кои биле во близина непосредно пред или по исчезнувањето на девојчето.

Овие активности не упатуваат на сомнеж за конкретни лица, туку се дел од засилена истрага.

Во текот на ноќта се појави информација дека е пронајдена Данка, која се покажа како неточна.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

РАСТЕ АНТИИМИГРАНТСКОТО РАСПОЛОЖЕНИЕ ВО ИРСКА: 17.000 Хрвати се вратиле дома

РАСТЕ АНТИИМИГРАНТСКОТО РАСПОЛОЖЕНИЕ ВО ИРСКА: 17.000 Хрвати се вратиле дома

НЕПОЗНАТИ ЛИЦА ЈА НАПАДНАА ПОЛИЦИСКАТА СТАНИЦА ВО ЗВЕЧАН: Фрлиле две рачни бомби

НЕПОЗНАТИ ЛИЦА ЈА НАПАДНАА ПОЛИЦИСКАТА СТАНИЦА ВО ЗВЕЧАН: Фрлиле две рачни бомби

(ВИДЕО) СКАНДАЛ НА ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА: Српски пратеник се правдаше на новинар дека не е пијан

(ВИДЕО) СКАНДАЛ НА ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА: Српски пратеник се правдаше на новинар дека не е пијан

БОРИСОВ СЕ ПОВЛЕКУВА: „Категорично одбивам да се занимавам со сите проблеми што ни ги наметнаа“

БОРИСОВ СЕ ПОВЛЕКУВА: „Категорично одбивам да се занимавам со сите проблеми што ни ги наметнаа“

„ПРЕД НЕКОЛКУ ДЕНА БЕШЕ ВО ПРЕДИНФАРКТНА СОСТОЈБА“ - се огласи братот на Горан Весиќ: Со притворот му е потпишана смртна пресуда

„ПРЕД НЕКОЛКУ ДЕНА БЕШЕ ВО ПРЕДИНФАРКТНА СОСТОЈБА“ - се огласи братот на Горан Весиќ: Со притворот му е потпишана смртна пресуда

СЕНДВИЧИ И ЈАБОЛКИ ЗА РАБОТНИЦИТЕ: „Ние сендвичарите помагаме колку можеме“ - Вучиќ со работниците

СЕНДВИЧИ И ЈАБОЛКИ ЗА РАБОТНИЦИТЕ: „Ние сендвичарите помагаме колку можеме“ - Вучиќ со работниците

Општа тепачка во српското Собрание

Општа тепачка во српското Собрание

Поранешниот хрватски министер за здравство Берош излезе од притвор

Поранешниот хрватски министер за здравство Берош излезе од притвор

СНЕЖЕН ХАОС ВО ТУРЦИЈА: Затворени училишта, блокирани патишта, еве како беше таму

СНЕЖЕН ХАОС ВО ТУРЦИЈА: Затворени училишта, блокирани патишта, еве како беше таму