ОТКРИЕНО: Еве кој ги влече конците од Путиновата сенка!
Објавено во: Свет 21 Септември, 2014 12:46
Рускиот претседател Владимир Путин внимателно, во текот на 14 години на чело на Кремљ ги бирал своите соработници кои често му се и блиски пријатели.
Меѓу нив поголемо влијание имаат таканаречените “јастреби“ отколку „гулаби“, оценуваат аналитичарите.
На Западот слабо ги познаваат припадницте на тврдокорната струја во Кремљ бидејќи тие се држат настрана од вниманието на јавноста, но токму тој тесен круг на Путиновите блиски соработници го одредува моменталниот курс на конфронтација со Западот, наведува германското радио Дојче веле.
Рускиот политички аналитичар Јевгениј Минченко ги нарекува „Политбироом 2.0“ алудирајќи на Советскиот сојуз, кога државата е водена од страна на влијателното раководство на партиски функционер, и вели дека тие се влијателни како никогаш досега.
Според мислењето на Јан Бремер, шефот на консултанската фирма Eurasia Group, тие „јастреби моментално се во предност“ и тие имаат појака позиција во надворешно-политичките прашања.
На Путин, како што кажува, во конфронтацијата со Западот околу Украина му е поважна геополитиката од економијата.
„Гулабите пак му припаѓаат на економскиот блок на руската елита и нивното влијание на таа политика е многу мало“, вели Бремер.
Според мислењето на Минченк, во моментот три лица имаат најголемо влијание на Путин и на политиката на Кремљ -Сергеј Иванов, Сергеј Шојгу и Игор Сечин.
„Тие се главните профитери од цврстиот курс на Кремљ“, вели тој.
Шојгу, кој од ноември 2012 е министер за одбрана, после Путин е најомилен руски политичар.
Поранешниот КГБ-овец и долгогодишен пријател на Путин Сергеј Иванов е шеф на претседателската канцеларија, а Игор Сечин, поранешен известувач и еден од најверните Путинови луѓе е шеф на најголемата државна нафтена група Роснефт.
Сите тројца се претставници на таканаречените „силовики“, така во Русија се нарекуваат речиси сите што носат униформи.
„Најмоќните „силовики“ се челници на министерствата за внатрешни работи и одбрана, но и тајни служби. Путин, некогашниот КГБ-овец, исто така се вбројува меѓу нив, бидејќи како што наведува Дојче веле, поранешните „силовики“ не постојат.
Тоа објаснува зошто групата околу Игор Сечин, иако не е дел од официјалната структура на моќ, има големо влијание на безбедносниот блок, смета Миченко.
Конфронтацијата од Западот овој внатрешен круг околу Путин го направила уште потесен, смета Бремер и додава дека повеќето од нив се нашле на мета на санкциите на ЕУ и САД кои, како што вели, не дале ефект, туку само ја зголемиле нивната зависност од Путин.
Во најтесниот Путинов круг не се промениле многу работи поради санкциите, верува Минченко укажувајќи дека покрај Сечин, Шојгу и Иванов, повеќе влијание добиле пред се лојанлите олигарси.
„Покрај слабата надворешна конјктура на важни фигури во Политбирото добиле високи одштети“, истакнува рускиот политолог. Блиските претпримачи на Путин станале богати благодарение на бизнис договорите со државата, а денеска се најдоа на листата за санкции од Западот.
Тој меѓутоа, смета дека не треба да се преценува влијанието на тврдокорните струи во Кремљ.
„Ако јастребите целосно совладаа, руските трупи веќе би биле во Киев“, вели Минченко кој верува дека во Кремљ постојат ривалски групи кои сакаат да го остварат своето влијание.
Бремер исто така смета дека развојот на состојбата во денешна Русија ја одредуваат конзервативците, но и дека грешка е ако се препишува големото влијание на руската политика на луѓето околу Путин.
„Политиката ја обработува самиот Путин и неколкумни од неговото опкружување“, вели тој, наведува германското радио.
Можеби ќе ве интересира
Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација
Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина
Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела
Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва
Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина
Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел




