Откупени 350 тони тутун
Објавено во: Агробизнис
11 Октомври, 2012
Добивај вести на Viber
Заврши првата фаза предвремениот откуп на тутунот. Во оваа прва фаза се откупија над 350 тони тутун по просечна цена од 150 денари за килограм. Откупот го вршеа трите фирми, „Сокотаб” од Битола, „Алијанса” од Кавадарци и Прилепскиот тутунски комбинат, кои имаат поднесено барање за откуп.
Во втората фаза која треба да започне на 15-ти овој месец, се очекува да се откупат околу 3.500 тони.
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски, изјави дека временските услови се одлични и ќе придонесат за зголемување на количествата тутун, иако на почетокот на расадувањето проценките биле дека реколтата ќе биде помала.
- Временските прилики тогаш ни даваа за право да мислиме дека реколтата ќе биде тешка околу 19.000 тони, но сега може да се каже дека ќе имаме реколта од над 22.000 тони. Субвенции за тутунот ќе има, онака како што е договорено и според програмата на Владата за субвенционирање, изајви министерот Димовски.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.